Успешни Македонци низ светот: Стефанија од Скопје е балерина, која живее во Русија и игра главни улоги во култен театар (фото)

„Да се почне првиот работен ден со подготвување на главната улога во „Лебедово езеро“ во престижниот руски театар во Перм е нешто кое мислам дека не се случило на ниедна балерина, но ете ми се случи мене. Беше потребно премногу работа, откажувања и борба, но од овој аспект гледано секоја солза и плускавец, секоја повреда и осаменост (во многу моменти) вредеше.Премногу сум горда на себе на тоа каде успеав да стигнам..“, раскажува Стефанија Гаштарска (21) за CRNOBELO.com.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-stefanija-od-skopje-e-balerina-koja-zhivee-vo-rusija-i-igra-glavni-ulogi-vo-kulten-teatar-foto-01.jpg

Стефанија Гаштарска на само 18 години стана првата македонска балерина дел од престижниот руски театар „Бољшој“, но за жал поради короната процесот се искомплицира, па сега, на 21 година, веќе има одиграни 7 главни улоги во претставите од репертоарот на престижниот руски театар „Пермска Опера и Балет“ и тоа Лебедово езеро, Корсар, Бајадерка, Оревокршачка, Жизел, и други …

Моментално живее и работи во рускиот град Перм и тоа во еден од најстарите театри. Перм е град каде има врвна балетска школа и град за кој вели дека ѝ бил прва отворена врата кон Русија, па е посебно емотивно врзана за него.

Стефанија за CRNOBELO.com ја споделува својата приказна:

„Во рускиот град Перм ја добив шансата да настапувам на најпрестижниот балетски натпревар „Арабеск“, каде влегов во финалето и бев најмладиот учесник и со тоа и ја добив поканата да учам таму. Така почна мојата приказна со Русија.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-stefanija-od-skopje-e-balerina-koja-zhivee-vo-rusija-i-igra-glavni-ulogi-vo-kulten-teatar-foto-13.jpg

Следно, беше стипендија од Бољшој Академијата каде дипломирав со највисоки оценки во руски клас, но ковид ситуацијата го искомплицира моето вработување од причина што година и половина границите беа затворени и тоа секако беше најтешката година во мојот живот, но во моментот кога ги пуштија летовите јас веќе бев на пат кон Русија.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-stefanija-od-skopje-e-balerina-koja-zhivee-vo-rusija-i-igra-glavni-ulogi-vo-kulten-teatar-foto-06.jpg

Планот беше Бољшој театарот, но кога ја добив понудата од Перм, без размислување прифатив.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-stefanija-od-skopje-e-balerina-koja-zhivee-vo-rusija-i-igra-glavni-ulogi-vo-kulten-teatar-foto-18.jpg

Да се почне првиот работен ден со подготвување на главната улога во „Лебедово езеро“ е нешто кое мислам дека не се случило на ниедна балерина, но ете ми се случи мене.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-stefanija-od-skopje-e-balerina-koja-zhivee-vo-rusija-i-igra-glavni-ulogi-vo-kulten-teatar-foto-12.jpg

Ми се оствари најголемата желба, кариерата, поточно првиот работен ангажман да го започнам со една од најголемите улоги од железниот репертоар – да бидам белиот и црниот лебед.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-stefanija-od-skopje-e-balerina-koja-zhivee-vo-rusija-i-igra-glavni-ulogi-vo-kulten-teatar-foto-07.jpg

Русија е земја која е колевка на балетската уметност и за мене секогаш била сон. Пресреќна сум што толку млада ја имам таа привилегија да го живеам сонот.

uspeshni-makedonci-niz-svetot-stefanija-od-skopje-e-balerina-koja-zhivee-vo-rusija-i-igra-glavni-ulogi-vo-kulten-teatar-foto-21.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Весела Богдановиќ од Битола е една од 50-те најдобри учителки во светот: „Избегнувам да давам тестов... „Ако учениците се среќни ќе бидат активни и фокусирани, а јас ќе бидам смирена, ...
Успешни Македонци низ светот: Дејан од Кичево е каратист кој отвори свој клуб во Чикаго, но работи и... Тој е каратист со златни медали, карате судија, сопственик на клуб кој помага на...
Христина од Кичево е мајка на предвреме родено дете: „Имав нормална бременост, дури по 2 години сфат... „Две недели по раѓањето на Леонид состојбата му се влоши, за што лекарите не сак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg