Анис Сефиданис, професор на факултет за роботика во Охрид: „Немаме целосна контрола над вештачката интелигенција, но не е закана“

Што е вештачка интелигенција, од кога постои оваа технологија и каде се применува денес?

Вештачката интелигенција претставува светиот грал на информатиката. Таа се стреми да пронајде формален модел на човековата свест. Оттука, самата е интердисциплинарна наука која ги вкрстува информатиката, математиката, психологијата, антропологијата, роботиката...

Уште во античките митови се говори за богот Талос, кој претставува хуманоиден робот изработен од бронза и има за цел да ја заштитува Европа.

Бројни филозофи и научници од истокот и западот, векови низ историјата шпекулирале за механички или друг систем кој ќе може да го претстави и емулира мисловниот процес кај човекот.

intervju-anis-sefidanis-02.jpg

Современата наука поврзана со ВИ почнува кон средината на минатиот век, со добро познатиот тест на Алан Тјуринг, трите закони на Исак Асимов и процедурата за играње шах од страна на Клод Шенон.

Во 1997 година, вештачката интелигенција Deep Blue го победи светскиот шампион во шах Гари Каспаров. Во 2011 година, вештачката интелигенција Watson ги победи светските шампиони во квиз со отворени прашања.

Најфасцинантен пример од поновите е вештачката интелигенција наречена Alpha Go, која успеа да го победи светскиот шампион во играта „Го“. Тоа што е важно да се напомни за овој пример е дека „Го“ претставува стратешка игра со 10 на 360-та можни движења - број поголем од сите атоми во универзумот.

Денес вештачката интелигенција може да слика уметнички дела, да компонира музика, да инвестира на берза, автономно да управува автомобили и многу друго.

intervju-anis-sefidanis-09.jpg

Што е интелигентното кај вештачката интелигенција? Како учи и од каде црпи информации?

Суштината на интелигенцијата е да предвидува, да антиципира следен настан во одреден контекст, а вештачката интелигенција, слично на човекот, учи од историјата и се обидува да проектира и разреши сценарија кои претходно не се случиле.

Вештачката интелигенција учи од податоци кои ѝ ги дава човекот, па оттука таа може да инкорпорира и аугментира многу наши предрасуди за светот како и самата себе.

intervju-anis-sefidanis-16.jpg

До кој степен вештачката интелигенција може да ги замени луѓето, особено работната сила? Кои се придобивките, но и последиците од тоа?

Индустриските револуции се производ на човечкиот интелект, со цел да се завладее со природата. Денес се наоѓаме во предвечерието на четвртата индустриска револуција, каде се навестува дека ВИ ќе ја преземе функцијата на нашиот интелект и експоненцијално ќе ги надмине нашите когнитивни способности.

На тој начин, тоа би било воедно и последната човекова револуција, бидејќи секоја следна иновација ќе биде производ на новите форми на интелигенција кои нема да можат да се наречат „човечки“.

Придобивките се веќе очевидни во делот на обработка на структурирани и неструктурирани податоци, предвидувањето на климатските услови, автоматизацијата на бизнис процесите, организацијата на интернетот.

Најголемата предност на вештачката интелигенција според мене се скрива во нејзината можност да ја опфати суперперспективата на нештата, односно да ги обедини спротивставените субјективни погледи кои човекот ги има за светот.

intervju-anis-sefidanis-20.jpg

Што е ChatGPT и кои се придобивките и потенцијалните ризици од развивањето на овој (и слични) чет-ботови?

ChatGPT е текстуален бот базиран на ВИ, со кој може да разговараме на која било тема или јазик. Изграден од страна на OpenAI и лансиран во ноември 2022 година, ChatGPT припаѓа на GPT-3 семејството на големи јазични ВИ модели, кои користат техники за надгледувано како и ненадгледувано машинско учење.

Способноста на овие модели да генерираат уникатни содржини кои се дирекно конкурентни на нашата креативност, можат да имаат директни импликации на правото на интелектуална сопственост, како и целиот начин на општествено уредување.

intervju-anis-sefidanis-05.jpg

Дали мислите дека ќе ни требаат нови закони со кои ќе се регулира користењето на вештачка интелигенција и чет-ботови – пример за научни трудови, новинарски текстови, уметнички дела…?

Се разбира дека ќе требаат нови закони, како и промена на постоечките.

Но, најважно од сè, ќе ни е потребна едукација, систематско воведување на обврзни предмети поврзани со податочните науки, вештачката интелигенција и роботиката уште во основното образование.

intervju-anis-sefidanis-06.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Али Риза од Пакистан 8 години живее во Македонија: „Работам во суд, тука платите се подобри отколку ... „Јас ја напуштив својата држава со цел да најдам подобар живот и очигледно тоа г...
Деми од Холандија се пресели во Македонија: „Мајка ми е Македонка, татко ми е Србин, а Шабан Шаулиќ ... „Во Холандија сè е поиспланирано и луѓето имаат брз живот. Гледам дека тоа полек...
Аспен (26) од Аризона се пресели во Македонија: „Јазикот го научив сама, тука го најдов својот мир“ „Готвам македонски јадења барем трипати неделно, постојано пробувам нови рецепти...
Каде е денес Боби Андонов, момчето родено во Австралија, кое ја претставуваше Македонија на Јуниор Е... „Моите родители потекнуваат од мали села околу Струмица. Секогаш бев тажен ...
Горан Трифуновски-Пајак: Со предрасуди сум се соочувал најчесто од луѓе со фрустрации! Горан, е дипломиран актер, магистер по режија, музичар, вљубеник во цртањето. Го...
Зорица од Велес живее во Германија: „На почетокот сакав да си ги спакувам куферите за назад - денес ... „Образовниот систем се базира на индивидуален пристап кон секое дете, со ак...

Најчитани неделава