„Сите слики од доење кои ги гледаме на социјалните медиуми се најчесто од мајка која задоволна лежи во убава ноќница и го дои бебенцето, во средена соба, со измиена коса... Не значи дека тоа не е можно сценарио, ама поверојатно е дека мајката ќе биде преморена, ќе се поти неконтролирано, нема да се чувствува своја во сопствената кожа, ќе дои како ќе стигне, во маица накапена од млеко, со града на која може има и разранети брадавици... и не дека е сето ова страшно, но, знае да биде – ако не знаеме дека е многу честа слика во едно семејство со новороденче“