Припадничка на африканско племе стана српска снаа: „Се вљубив во Бојан на крузер, а потоа и во Србија“

„Со Бојан работевме заедно на крузер и многу се дружевме. Тој не ја сакаше таа работа, па си даде отказ. Јас сакав да видам каде е таа Србија, каде тој велеше дека има сè најдобро…“, вели Наледи Репај од африканското племе Зулу.

pripadnichka-na-afrikansko-pleme-stana-srpska-snaa-se-vljubiv-vo-bojan-na-kruzer-a-potoa-i-vo-srbija-01.jpg

Наледи Репај од африканското племе Зулу, која по потекло е од Јужноафриканската Република, станала српска снаа, откако се вљубила во Србинот Бојан, додека двајцата работеле на крузер.

pripadnichka-na-afrikansko-pleme-stana-srpska-snaa-se-vljubiv-vo-bojan-na-kruzer-a-potoa-i-vo-srbija-06.jpg

Бојан Репај е од Пожаревац и парот има две деца, синот Ноа (4) и ќерката Неа (3).

pripadnichka-na-afrikansko-pleme-stana-srpska-snaa-se-vljubiv-vo-bojan-na-kruzer-a-potoa-i-vo-srbija-04_copy.jpg

Парот се венчал во црква на Калемегдан.

Таа во Србија стана актуелна со нејзините забавни ТикТок видеа на кои прикажува како го учи српскиот јазик, како готви српски традиционални јадења, а и општо како ѝ изгледа секојдневието таму.

Неодамна, Наледи со својот сопруг гостуваше и во српската ТВ емисија „Викенд на К1“.

pripadnichka-na-afrikansko-pleme-stana-srpska-snaa-se-vljubiv-vo-bojan-na-kruzer-a-potoa-i-vo-srbija-03_copy.jpg

Таа сподели детали за нивната љубовна приказна:

„Со Бојан работевме заедно на крузер и многу се дружевме. Тој не ја сакаше таа работа, па си даде отказ. Јас сакав да видам каде е таа Србија, каде тој велеше дека има сè најдобро.

Се вљубив прво во Бојан, па во српскиот народ и Србија.

Кога дојдов тука се уверив дека сè е токму така како што ми раскажа Бојан, а тој ми беше голема поддршка и во голема мерка ме пушти сама да го научам јазикот и да се прилагодам на земјата на која тој припаѓа.“

pripadnichka-na-afrikansko-pleme-stana-srpska-snaa-se-vljubiv-vo-bojan-na-kruzer-a-potoa-i-vo-srbija-02.jpg

Бојан вели дека кога Наледи дошла кај него во Пожаревац знаела само да намачка путер од кикирики на леб, но дека со помош на неговата мајка научила да готви, а сега дури знае да прави и пити.

Тие двете заедно минале големи авантури, но сега се најдобри пријателки.

pripadnichka-na-afrikansko-pleme-stana-srpska-snaa-se-vljubiv-vo-bojan-na-kruzer-a-potoa-i-vo-srbija-07.jpg

Харизматичната Наледи на ТикТок има повеќе од 30.000 следбеници.

Погледнете дел од нејзините видеа:

@ladynaledy8

#foryou #foryoupage #zulu #johannesburg #balkanlove #fypシ #serbianman #balkanlove #❤️ #safaritiktokcontest #foryou #foryou #fyp #foryou #zuluweddings #beograd #love

♬ original sound - Ndlunkulu_sa

@ladynaledy8

isizulu & isixhosa jezike koriste najviše ovi slova #justfun #viral #youteachme #iteachgrammar #foryou #kliksound #ounds #zulusnajka #learnisizulu #learnisixhosa #learnserbian

♬ original sound - ladyNaledi

@ladynaledy8

#kisela #kupus #ilovebalkan #kultura #trending #foryou #foryou #balkantiktok #fyp #fypage #fypシ #fyppppppppppppppppppppppppppppppppppp #fpy #beograd #slava

♬ original sound - ladyNaledi

@ladynaledy8

#fyp #beograd #balkanstoryteller #viral #trending #viral #fypシ #foryou #fypシ #fyppppppppppppppppppppppppppppppppppp

♬ original sound - martha.read

@ladynaledy8

detinjstvo u Južna Afrika I sve vrste batina #roditelja #batina #justalittelstory #batina🥰#fun #slatkobatona #❤#beograd #batinatayo #southafricanchildhood

♬ original sound - ladyNaledi

@ladynaledy8

chillday ❤️#isizulu #read #lazysunday #learnisizulu #beograd #fyp #viral #relax #fyppppppppppppppppppppppppppppppppppp #balkantiktok #learnisizulu u #learnserbian #learnsome

♬ original sound - ladyNaledi

@ladynaledy8

I love to share my day at work #viral #dannaposlu #trending #beograd #beograd #fyp #fyppppppppppppppppppppppppppppppppppp #fypfood #iloveyou #foryou #studio25bybojanrepaja #studio25beograd

♬ Aesthetic - Tollan Kim

@ladynaledy8

#onionchallenge #onionchallenge #balkanfood👩‍🍳 #balkanfoodcreations #gulaš #love #viral #fypシ #foryoupage #balkantiktok #trending #foryoupage #trend#ing #belgrade #praznik #luk

♬ Poludela - Balkan Music

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„За да добие пари од мене, мора да ми роди барем 2 деца“ – Што зборуваше првиот сопруг на Јелена Кар... Постапката за развод била завршена за неколку дена. Бојан ја извадил бурмата вед...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Свекрвата не ја сакала затоа што е разведена, па се венчале во Париз – Љубовната приказна на Киванч ... Мајка му толку се противела на нивната врска и не им дошла на свадба, а тие стап...
„Се прашувам каква мајка сум“ - Анѓелка Прпиќ го слави роденденот на синот од поранешниoт сопруг, ко... „11 години преиспитувања... Каква мајка сум, каде грешам и имам ли поправен испи...
Син е на еден од најбогатите Срби, првата свршеница му почина од рак: Факти за Стефан Кариќ, еден од... Ја избричи главата во знак на поддршка на свршеницата што боледуваше од рак, па ...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg