Србин живее во Шведска и на хумористичен начин ги прикажува навиките на Балканците - ќе се препознаете 100%

„Кога ќе кажам дека имам добар живот во Шведска, не мислам само на парите. Мислам и на безбедноста и тоа колку помалку стрес имам отколку во Србија...“, вели Алекс Рајновиќ кој снима хит видеа на тема Балканци. Чуваме извод од матичната книга на родените под кревет, секогаш имаме ракија во шише од сок во фрижидер, а кога на балкански маж нешто му недостига, спасот му е „Мамаааааа“.

srbin-zhivee-vo-shvedska-i-na-humoristichen-nachin-gi-prikazhuva-navikite-na-balkancite-kje-se-prepoznaete-001.jpg

Алекс Рајновиќ од Србија се преселил во Шведска и омилена активност му е преку шеговити видеа на своите следбеници оттаму да им ги прикажува навиките на Балканците. Нормално, и ние Македонците сме во оваа група и веднаш ќе се препознаеме.

Алекс за својата преселба вели:

„Србија е најубавата земја на светот, но за жал на младите луѓе им е навистина тешко да ги остварат своите соништа и да си го наплатат вложениот труд. Со тешка работа и напори, нивните родители им ги даваат последните пари на своите деца за тие да можат да си ги исполнат соништата.

Некои од нив работат за 300 евра и едвај имаат пари за да си ги платат сметките и да имаат за храна до крајот на месецот.

Знам како е да немате и знам кога родителите сакаат да ви дадат сè, но не можат да си дозволат и се јадат себеси однатре поради тоа. Иако јас тоа никогаш не сум го почувствувал како дете, тие го почувствувале.

Благодарение на моите родители јас сум тука денес и среќен сум што конечно можам да им помогнам и да им дадам барем малку, но, за жал, благодарение на друга земја.

Шведска е прекрасна и организирана земја, каде сте максимално заштитени, каде имате безбедност и можност да уживате во плодовите од вашата тешка работа.

Кога ќе кажам дека имам добар живот во Шведска, не мислам само на парите. Мислам и на безбедноста и тоа колку помалку стрес имам отколку во Србија. Стрес за основни работи во животот кои секое човеково суштество на планетава треба да ги има.

Тука нема потреба да се грижите дали утре ќе имате пари за да ги растете и едуцирате вашите деца, нема потреба да се грижите дали утре ќе бидете гладни и без храна...“

Видео како Алекс се преселил од Србија во Шведска:

Шеговитите видеа на Алекс за навиките и „траумите“ на Балканците:

Балканец кога си го бара Изводот од книгата на родените

Чување на игли и конци за шиење, во метална кутија од колачиња

Дополнување со вода на празното шише од течен сапун (шампон/гел за туширање) за да се дотроши до крај

Како се однесуваат балканските мажи... (Мамаааа!)

Кога ќе се напиеш студена вода од фрижидер на Балканец, а тоа е всушност ракија

Кога ќе се ожениш за жена од Балканот (чистење со музика пуштена на најгласно, се слуша во цел влез)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Еден од најубавите српски парови ја живее својата бајка - Ја запроси на Хаваи, го чекаат првото дете Немања Миловиќ ја запроси својата сакана Нина Јовановиќ на Хаваи и откри дека то...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Градимир од Србија: „Тешко е да си камионџија, особено на празници, но една случка во Минхен ме трог... „Поздрав до сите колеги камионџии, сакам да споделам нешто убаво, да не биде дек...
Снежно невреме ја зафати Србија – апел и македонските туристи да внимаваат на замрзнатите патишта (ф... Додека за повеќето, голем дел од Србија, вклучително и Белград, изгледаат како з...
Како изгледала бившата на Бака Прасе пред да стане позната и да живее луксузно во Дубаи? (фото) Откако раскинаа драматично, Бака Прасе ја обвини дека земала стероиди за да напр...
Анабела Атијас живее со бившиот сопруг по разводот: „Имаше мрачен период, но повторно се зближивме“ „Не можев да го гледам неговото самоуништување и не знаев како да му помогнам. М...

Најчитани неделава