Се вљубил на прв поглед во сопругата, има 3 деца – Каде е денес актерот што го играше принцот во „Сулејман Величествениот“?
- Детали
- недела, 14 мај 2023
Почнал да глуми на само 7 години, но не студирал актерска игра. Познат е и во Италија и во Турција, а со 5 години постарата сопруга водат мошне повлечен живот со 3-те деца. Каде е денес и што прави актерот што го играше принцот во „Сулејман Величествениот“?
Оние што редовно ја гледаа турската серија „Сулејман Величествениот“ сигурно се сеќаваат на актерот Мехмет Гунсур, кој ја толкуваше улогата на младиот принц.
Тој важи за еден од омилените ликови во серијата, а прочитајте повеќе интересни факти за него во продолжение:
Мехмет е роден во Истанбул на 8-ми мај 1975-та година. Татко му бил квантен физичар, а мајка му работела како лектор. Неговата сестра, Зејнеп, пак, работи како лектор и кореограф по модерен балет.
Мехмет ја започнал кариерата уште во далечната 1988-ма година, кога како 7-годишно момче играл во позната турска серија. Средното образование го завршил во италијанско училиште што подоцна ќе му помогне за да изгради уште поуспешна кариера.
Работел како модел и бармен, имал свој ресторан и имал концерти со своја музичка група, a студирал маркетинг (не театар и глума).
И покрај тоа што нема формално образование за филмска уметност, на возраст од 25 години целосно ќе се посвети на глумењето и во 1998-ма година бил прогласен за најнадежен млад актер во Турција.
Оттогаш па досега играл во голем број филмови и серии во Турција и во Италија, а на нашата публика ѝ е најпознат токму по улогата на принцот во „Сулејман Величествениот“.
Што се однесува до приватниот живот, познато е дека Мехмет не сака премногу да се истакнува и интимните детали од животот ги чува подалеку од очите на јавноста.
Во 2006-та година тој се ожени за италијанската режисерка Катерина Монџо која е околу 5 години повозрасна од него и со која се запознал во 2014-та година за време на снимање филм.
„Се запознавме за време на снимањето на филмот што таа го режираше, а се вљубив до уши во 30 минути.
Заради нашата врска не успеавме да го завршиме филмот, но љубовта меѓу нас продолжи“ – рече тој во една прилика.
Катерина и Мехмет имаат три деца заедно: Маја, Али и Клое, а се трудат колку е можно повеќе да ги заштитат од љубопитните очи на обожавателите.
Тој и неговата сопруга живеат во Италија, но за време на снимањето на серијата „Сулејман Величествениот“ актерот подолго време престојувал во родната Турција, затоа што знаел дека оваа улога ќе му донесе голема слава.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





