Коцкари, насилници: Жените од Србија жестоко одговараат какви мажи избегнуваат

„Насилни мажи - еднаш насилен, секогаш насилен“, „Оние кои пијат премногу, се коцкаат, се дрогираат, не сакаат да работат, тоа се карактерни слабаци, мислат само на себе и такви не ми требаат ниту во сон“ се само дел од одговорите на жените во Србија.

kockari-nasilnici-zhenite-od-srbija-zhestoko-odgovaraat-kakvi-mazhi-izbegnuvaat-01.jpg

Српскиот портал „Nova“ направи мини истражување и на Фејсбук ги праша жените од Србија каква мажи избегнуваат.

Што им е одбивно кај одредени мажи и дали се случува да бегаат како од оган од одредени мажи?

Според одговорите, жените најмногу се согласни дека треба да избегнуваат насилници, пијаници и манипулатори.

Дел од одговорите на жените од Србија:

„Насилни мажи - еднаш насилен, секогаш насилен. Неадекватно потковани за разговор, значи глупави, лудаци, ексцентрични егоисти, расипници, неработници. Да не се навредат мажите, има и квалитетни меѓу нив, но и има и многу вакви, за жал...“

„Оние кои пијат премногу, се коцкаат, се дрогираат, не сакаат да работат, тоа се карактерни слабаци, мислат само на себе и такви не ми требаат ниту во сон“.

„Мажи без општа култура и манири, пијаници, наркомани, силеџии, швалери...“

„Мажи полни со себе, а всушност слабаци“.

„Арогантни манипулатори“.

„Тетовирани, оние кои имаат поголеми гради од моите, а се пониски од мене. Оние кои самите се обидуваат да ме убедат дека тие се вистинските... И, се разбира, лажговци, криминалци, промискуитетни, алкохоличари, наркомани, насилници, коцкари и други порочни ликови“.

„Неуредни, некултурни и безобразни“.

„Вообразени, а неспособни мамини и татини синчиња“.

„Социопати и мажи полни со комплекси“.

„Слаткоречиви, кои го калкулираат секој потег и збор“.

„Посесивни“.

И на крај, еден коментар се повторуваше многупати, очигледно шеговито, па на прашањето кои мажи ги избегнувате, жените одговараат:

„Сите!“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Утре се мажи Мелина Џиновиќ со милионерот од Монако - Кумата тргна натаму, гостите ќе доаѓаат со јах... Таа ќе се омажи за богатиот Англичанец Џефри Пол Арнолд Деј (70). Гостите на сва...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Бившата снаа не ја заборава свекрвата: Во какви односи е Адријана Лима со мајката на Марко Јариќ? По разводот со Марко Јариќ, Адријана Лима има нов сопруг и трето дете, но во как...
Едната има 280 станови, другата ќе го наследи „пола Белград“ - Кои се трите најбогати ќерки во Србиј... Пораснале опкружени со изобилие и во луксуз и се наследнички на најбогатите српс...

Најчитани неделава