Љубовните бродоломи на актерот Виктор Савиќ - сакаше девојка која беше во паралелна врска со друг, ја изгуби најголемата љубов

„Таа е девојка за пример, а притоа ми е и добра пријателка – тоа е добитната комбинација за една љубовна врска. Ја сакам, ја обожавам“, рече Виктор Савиќ за девојката која го остави и потоа се омажи за друг.

ljubovnite-brodolomi-na-akterot-viktor-savikj-sakashe-manekenka-koja-beshe-vo-paralelna-vrska-so-folk-pejach-najgolemata-ljubov-mu-se-omazhi-za-drug-01.jpg

Виктор Савиќ важи за еден од омилените актери во Србија од помладата генерација. Кога се појави во филмот „Монтевидео“, го доби епитетот на заводник.

Оваа негова титула се потврди по улогите во сериите „Мјешовит брак“ и „Сенке над Балканом“, кога почна да ги крши женските срца.

Но, и покрај тоа што жените го обожаваат, на Виктор во љубовта не му цветаат рози, а нему низ годините му се случија неколку љубовни бродоломи.

По ова актерот во последно време скоро и да не споделува ништо за својот приватен живот.

Виктор е роден на 14 септември 1983 година. Освен што глуми, тој е и водител, а повремено и рапува и се претставува со уметничкото име Njezz.

Но, повеќе од неговата работа, Виктор го привлекува вниманието со својот љубовен живот.

Прочитајте за најголемите љубовни бродоломи на актерот: 

Во јавноста и денес се раскажува приказната за неговата пропадната врска со манекенката Александра Човиќ.

Виктор и Александра се запознале на летување во Будва во 2009 година, а продолжија да се гледаат и откако се вратија во Белград.

Но, брзо откако се дозна за нивната љубов, се испостави дека Александра не му е верна на актерот и дека е во паралелна врска со фолк пејачот Марко Роквиќ, син на Маринко Роквиќ.

По скандалот секој тргна на своја страна, а Виктор никогаш не зборуваше лошо за Александра.

ljubovnite-brodolomi-na-akterot-viktor-savikj-sakashe-manekenka-koja-beshe-vo-paralelna-vrska-so-folk-pejach-najgolemata-ljubov-mu-se-omazhi-za-drug-03.jpg

Но, во тоа време неговите пријатели за српските таблоиди изјавија дека актерот е многу повреден и дека тешко ја преболел Александра.

Таа, пак, во меѓувреме, се омажи со Марко и роди две деца – син и ќерка.

Виктор кратко време беше во љубовна врска со пејачката Сара Јо.

Во тоа време парот често објавуваше заеднички фотографии, но ги избришаа откако раскинаа.

Сара во моментов е во врска со словенечкиот танчер Жиг Солтар.

Тој е еден од танчарите кои играат со неа на секој настап изминатите две години.

ljubovnite-brodolomi-na-akterot-viktor-savikj-sakashe-manekenka-koja-beshe-vo-paralelna-vrska-so-folk-pejach-najgolemata-ljubov-mu-se-omazhi-za-drug-02_copy.jpg

Актерот кратко време беше во врска со актерката Данина Јевтиќ.

Тие глумеа заедно во „Монтевидео“ (Данина ја глумеше Роза, девојката заљубена во Милош Биковиќ).

Иако не ја експонираа многу врската во јавноста, српските медиуми пишуваа дека Данина го оставила Виктор.

Таа брзо потоа да се омажи за бизнисменот Александар Кукањиќ. Со него се пресели во Австралија, му роди дете, но откако се разведе, се врати во Србија.

Последната девојка за која Виктор зборуваше јавно е Теодора Миљковиќ.

Во врска беа две години, па кога сите очекуваа дека парот ќе се венча, тие раскинаа.

По ова, Теодора стана инфлуенсерка за патувања, го запозна стоматологот Ѓорѓе Радловачки и се омажи за него.

„Таа е девојка за пример, а притоа ми е и добра пријателка – тоа е добитната комбинација за една љубовна врска. Еве, неодамна бевме првпат заедно на патување, во Италија. Ја сакам, ја обожавам“, рече Виктор за Теодора во едно интервју.

Теодора е поранешна актерка, а со Савиќ глумеше заедно во серијата „Будва на пјену од мора“.

Виктор, кој е еден од најпосакуваните српски ергени, наскоро ќе полни 40 години.

Но, по толку љубовни бродоломи, тој во интервју неодамна изјави дека веќе не размислува за брак ни за деца, и дека ќе се препушти на судбината.

Прочитајте и Милан Мариќ, Вук Костиќ и уште 6 најпосакувани ергени во Србија

А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Саша Ковачевиќ објави официјални фотки од свадбата, парот очекува син: „Покрај тебе сè доби смисла“ „06.06.2026 Покрај тебе сè доби смисла, а овој ден е само круна на нашата љ...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Поради наркотици го изгуби семејството, заврши во затвор - Тешкиот живот на актерот Бане Видаковиќ „Се откажував долго време, без никакви лекови. Се мачев, лежев кај мојата к...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...

Најчитани неделава