Хит билборд од Србија го освои регионот – која е мајката што му се извини на синот зошто не верувала дека ќе заврши факултет?

„Синот се вработи, па ги стави студиите на пауза“ – открива мајката Дијана чиешто јавно извинување на билборд до синот осамна деновиве среде Белград, кога тој сепак завршил факултет, по цели 12 години, а таа не верувала дека некогаш воопшто ќе успее.

studiral-12-godini-nikoj-ne-veruval-deka-kje-go-zavrshi-fakultetot-koj-e-sinot-komu-majkata-javno-mu-se-izvini-preku-bilbord-vo-belgrad-01.jpgфото: Фејсбук - Дијана Мајкиќ Вукушиќ

На социјалните мрежи масовно се споделува фотографијата од билбордот во Белград во кој една мајка јавно му се извини на синот затоа што не верувала дека ќе го заврши факултетот.

Коментарите за билбодот се најразлични: некои ја фалат мајката, други ја критикуваат, а што е всушност приказната зад ова јавно извинување?

„Му се извинувам на мојот син Марко што не верував дека ќе заврши факултет. Ти честитам сине, небото е граница! Мама Дијана“ – стои на фотографијата од билбордот во Белград што масовно се споделува на социјалните мрежи деновиве.

studiral-12-godini-nikoj-ne-veruval-deka-kje-go-zavrshi-fakultetot-koj-e-sinot-komu-majkata-javno-mu-se-izvini-preku-bilbord-vo-belgrad-02.jpg 

Додека некои упатија јавни пофалби до мајката, како босанскиот психолог Данијела Остојиќ, други ја критикуваат затоа што не го поддржувала синот додека тој се мачел да ги заврши студиите.

Психологот Данијела Остојиќ на својот Инстаграм профил ја сподели фотографијата од билбордот и до неа напиша:

„Долго време вака не сум се наежила. Еј луѓе, родителот јавно му се извинува на детето. Еве, пак се ежам додека го пишувам ова.

Ја молам мајката Дијана, ако случајно ја види оваа објава да се јави за да ѝ кажам ‘госпоѓо секоја чест’ и да ми помогне, да им помогнеме на сите родители да бидат на едно повисоко ниво на свест“.

„Дали некој помисли како му било на синот сите тие години додека оваа мајка не верувала во него?“ – стои во еден коментарите.

Одговорот на ова прашање го даде и самата мајка Дијана, која за српски Telegraf ја раскажа приказната како дошло до тоа преку билборд јавно да му се извини на синот.

Дијана Мајкиќ Вукушиќ на својот Фејсбук профил ја сподели фотографијата од синот Марко, а раскажа дека ветувањето за јавното извинување му го дала на синот, откако тој се вработил и одлучил да ги паузира студиите и таа престанала да верува дека некогаш воопшто ќе ги заврши.

„Студираше 12 години Економски факултет во Белград и му реков: ‘ако го завршиш факултетот јас јавно ќе ти се извинам и тоа на билборд. И навистина кога тој го исполни своето ветување, па го исполнив и јас’“ – откри таа.

studiral-12-godini-nikoj-ne-veruval-deka-kje-go-zavrshi-fakultetot-koj-e-sinot-komu-majkata-javno-mu-se-izvini-preku-bilbord-vo-belgrad-povekje-03.jpgфото: Фејсбук - Дијана Мајкиќ Вукушиќ

Дијана откри дека во нивниот дом има уште една причина за славење, затоа што откако го завршил факултетот Марко решил и да се ожени.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Лепа Брена и Боба ужива на јахта со родителите – се бања со татко му, позира во Позитано со... Виктор, синот на Лепа Брена и Боба, објави фотки од семејниот одмор со родителит...
Синот (13) на Северина израсна во тинејџер - Уживаат на скијање во Австрија (фото) „Ние поминавме низ еден тежок животен пат, но тој сега е со мене и израсна во ед...
Синот на Лепа Брена пече леб и спрема казан со чварки – Подготовки во луксузниот дом за славење Св. ... Малиот син на Лепа Брена и Бобо, Виктор, секогаш помага во подготовките за куќна...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Северина на божиќен пазар во Виена - Синот со Prada капче од 500€, таа во раскошна бунда се вози на ... Пејачката објави и фотки од хотелската соба - нејзината и ногата на синот Алекса...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава