Северина на божиќен пазар во Виена - Синот со Prada капче од 500€, таа во раскошна бунда се вози на рингишпил
- Детали
- четврток, 04 декември 2025
Пејачката објави и фотки од хотелската соба - нејзината и ногата на синот Александар во ист кревет, а потоа и селфи на кое во позадината се гледа како Александар спие мирно.

Хрватската ѕвезда Северина, која скоро секој викенд има концерти и настапи, најде време за опуштање, па помина убави мигови со семејството во Виена.

Тие го посетија божиќниот пазар кој беше отворен минатиот викенд и уживаа во забавата што се нуди.
„Кога домашните ќе ме натераат да бидам турист“, напиша таа и сподели неколку фотки на Инстаграм.
А на фотките е и долгогодишната пријателка на Северина, Ведрана, нејзината внука Миа, но и синот Александар, за кого кажа дека после долгогодишна правна битка е повторно кај неа, а сега смее и да објавува фотки на кои се гледа неговиот лик.

Сепак, она што падна в очи беше и стајлингот на Северина - таа носеше долга раскошна бунда, во комбинација со бели панталони, патики и чанта, како и Burberry качкет, додека, пак, Александар од студот се штитеше со плетена капа од Prada, која чини околу 500 евра.

Пејачката објави и фотки од хотелската соба - нејзината и ногата на синот Александар во ист кревет, а потоа и селфи на кое во позадината се гледа како Александар спие мирно.

Семејството го посети и забавниот парк Пратер, каде што пејачката пукаше со воздушна пушка, па се покаќи дека ниеднаш не погодила во центарот.



