Го гаѓале Никола Јокиќ со ножеви, едниот си ја давел девојката, се однесуваат како мафијаши: Кои се браќата на познатиот кошаркар?
- Детали
- сабота, 17 јуни 2023
Најдобриот српски кошаркар во моментов, Никола Јокиќ, е најмалиот од тројцата браќа во семејството Јокиќ. Иако тој живее повлечено и важи за едноставен човек, неговите постари браќа ги бие глас на насилници, а едниот од нив имал и проблеми со законот. Кои се Страхиња и Немања Јокиќ?
Никола Јокиќ е најголемата NBA ѕвезда во моментов, но неговите постари браќа Немања и Страхиња се подеднакво интересни за јавноста. За разлика од кошаркарот на Denver Nuggets, кој води мирен и скромен живот, тие се заштитнички поставени кон својот помал брат и секогаш подготвени да се степаат со некого за да го заштитат.
Исцртани се со тетоважи, имаат избувлив карактер и реагират бурно секогаш кога се на натпревар на Никола. Токму поради тоа Страхиња и Немања ги бие глас на лоши момци кои се однесуваат како мафијаши.
Кои се браќата на Никола Јокиќ?
Страхиња е најстариот брат во семејството Јокиќ. Роден е во 1982 година. И тој играл кошарка, па му бил голема поддршка на Никола кога бил млад.
„Кога првпат стапив во контакт со семејството на Никола, отидов во Сомбор, ги најдов и седнав да разговарам со нив. Тие се прекрасно семејство, многу стабилно, старомодно српско семејство, кои многу се грижат за своите деца.
Беа многу среќни што толку голема агенција се интересира за нивното дете, кое до тогаш никогаш не играло за првиот тим. Два дена по првата средба, дојдоа да ме видат, пак разговаравме, имаше добра хемија.
Неговиот постар брат Страхиња беше цело време покрај Никола. Во тој момент неговиот збор беше многу важен, а Никола му ја препушти не само оваа, туку и многу други одлуки потоа на Страхиња.
Тој му помогна многу во Србија, а потоа и во Америка, за Никола да стане тоа што е денес, а верувајте, тоа не беше ни малку лесно“, рече во едно интервју Мишко Ражнатовиќ, агентот на Никола.
Страхиња на пропушта ниту еден натпревар на Никола, а понекогаш, во моменти на бес, знае да удира по столчето на кое седи, но спремен е и да се тепа.
Во 2019 година имаше проблеми со законот, откако неговата тогашна девојка го пријави во полиција дека ја давел и ја турнал насилно.
Страхиња беше обвинет за напад од втор степен и на крајот се изјасни како виновен, па доби условна казна. Откако на 3 февруари 2022 му истече условната казна, судот го отфрли обвинението против него.
Неговата кошаркарска кариера, пак, заврши поради проблеми со грбот.
„Страхиња игра кошарка и не е талентиран како мене, но мрази да губи“, кажа во едно интервју Никола.
Тој претходно откри и дека неговиот најстар брат му фрлал ножеви околу главата кога биле деца, бидејќи Никола не сакал да се качи на дрво кога биле на семеен пикник.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





