„Сигурно така ѝ наредиле газдите“ - Жена во Белград брише стакла на 11-ти кат без опрема (вознемирувачко видео)

Жена во чорапи стои на претесниот простор пред прозорецот, со една рака се држи за рамката, со друга го брише прозорецот на 11-ти кат... Овaa бизарна глетка од луксузниот комплекс станови „Београд на води“ е хит на Твитер, а коментарите се: „Тоа е жена што мора да слуша што ѝ наредиле сопствениците на луксузниот стан каде што чисти“.

zhena-vo-belgrad-brishe-stakla-na-11-ti-kat-bez-zashtitna-oprema-i-stana-hit-na-tviter-sigurno-taka-i-naredile-01.jpg

Бизарно видео кружи на социјалните мрежи на кои се гледа како една жена чисти прозорци на 11-ти кат на зграда од луксузниот комплекс станови „Београд на води“ во Белград.

Коментарите на видеото се најразлични, но најголем дел од твитерџиите се сложни дека за ниту едни пари на светот не би го работеле ова.

На видеото објавено на Твитер се гледа како една жена со едната рака се држи за рамката од гломазните прозорци што не се отвораат, додека однадвор ги чисти стаклата на станот каде што најверојатно работи како хигиеничарка.

„Зарем нема некои професионални чистачи на стакло за овие зградишта во ‘Белград на вода’? Аман! Па жената се држи за вратата на некој 10-ти, 11-ти кат“ – стои во описот на видеото што вирално се прошири на Твитер.

Твитерџиите пишуваат најразлични коментари, но сметаат дека сигурно постои побезбеден начин да се исчистат прозорците без вработените да го загрозат сопствениот и туѓиот живот.

Дел од коментарите:

„Ова е некој екстрем и зависничка од адреналин, постојат голем број справи за чистење прозорци, а да не го загрозиш и својот и туѓиот живот“;

„Јас не би се качил ниту да ми дадат милион евра“;

„Сигурно сопственикот на станот ѝ наредил... Кутра жена“;

„Кога ќе помислиш дека ништо веќе не може да те изненади во Србија, жената излезе да го исчисти прозорецот“ – стои во дел од коментарите.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит реакција на оженет српски пејач - откако девојка му даде свој број на ливче, среде настап (видео... „Објасни дека е оженет, ама бројот не го фрли“, гласи еден од коментарите на Тви...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Се сврши Кија Коцкар - прстен од 10.500€, го крие партнерот „Сакам цвеќе и букети, па сега на раката имам цвет кој ќе трае малку подолго“, р...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...

Најчитани неделава