Србин спаси жена на Лефкада, морето го „проголта“ нејзиниот сопруг: „На мажот му олесни, кога виде дека жена му е безбедна“

„Како да му олесна кога виде дека сопругата му е на безбедно и главата само му падна во водата. Имавме некои 2 до 5 минути да го спасиме. Направивме синџир од луѓе, но силината на брановите не ни дозволи да му се приближиме...“, раскажува Иван Мандиќ за трагедијата на Лефкада.

srbin-spasi-zhena-od-smrt-na-lefkada-moreto-go-progolta-nejziniot-soprug-parot-se-fotografiral-pokraj-visokite-branovi-01.jpg

На 17 јуни на грчкиот остров Лефкада 50-годишен маж од Романија се удави на плажата Катизма, откако бран го повлече во морето додека се фотографирал со сопругата на брегот.

Неговата сопруга се спаси, а од морето ја извлече Србинот Иван Мандиќ, кој се наоѓал во нивна близина и видел што се случува. 

Иако грчките медиуми пишуваат дека парот правел селфи, тоа не е официјално потврдено. 

„Морничава трагедија се случи на една од омилените плажи на Лефкада. Сликите од мажот чие тело не може да го извлечат од морето ја замрзнуваат крвта во жилите“, пишуваат грчките медиуми, кои ја пренесоа веста.

Тие го нарекоа Иван херој, бидејќи успеал да ја спаси жената од разбрануваното море. Но, за српските медиуми, тој вели дека не се чувствува како херој и дека има горчлив вкус во устата, бидејќи не можеле да му помогнат на мажот.

srbin-spasi-zhena-od-smrt-na-lefkada-moreto-go-progolta-nejziniot-soprug-parot-se-fotografiral-pokraj-visokite-branovi-02.jpg

Иван, кој е од Крушевац, за Nova.rs, раскажа што се случувало во тие десетина минути на плажата.

„Со семејството бевме на Катизма во саботата (17 јуни), но капењето беше забрането поради силните бранови. Стоевме покрај брегот и се сликавме, бидејќи глетката беше величествена. Тоа го правеа и многу луѓе на плажата.

Во еден миг видов како бран фрли жена на песокот, а таа ја губи контролата над телото и почна да се врти во место. Го фрлив телефонот на лежалката, потрчав да ја спасам, а на сопругата ѝ реков да го викне спасувачот.

Брановите беа силни, не ми дозволуваа да стигнам до неа, па фатив некоја дијагонална поза и ги чекав ударите на брановите. Еден ја исфрли жената и тогаш успеав да ја фатам“, рекол Иван.

Тој раскажал дека драмата не завршила тука, бидејќи веќе следниот бран ги поклопил двајцата. Но, Иван не ја испуштал од раце, ја држел силно и некако успеале да излезат на брегот.

„Во тој момент го удрив колкот, го ‘одрав’ коленото и сфатив дека сме во плиткото, бидејќи изгубив ориентација под водата“, додал тој.

srbin-spasi-zhena-od-smrt-na-lefkada-moreto-go-progolta-nejziniot-soprug-parot-se-fotografiral-pokraj-visokite-branovi-06.jpg

Во спасувањето му помогнале уште неколку Срби, но од спасителот на плажата немале голема помош, бидејќи според Иван, тој бил уште млад и неискусен.

„Беше на 2-3 метра зад нас, но стоеше скаменет. Беше млад, па јасно ми е дека немаше искуство. Откако ја извлековме жената почна да зборува нешто, но не ја разбравме.

Дури потоа видовме дека нејзиниот сопруг лебди неколку метри зад нас.

Спасителот свиреше во свирчето, му викаше на мажот да излезе од морето. Еден од момците од Србија му ја побара даската за спасување, но јажето беше прекратко. Да имавме опрема, мислам дека ќе го спасевме и него“, раскажува Иван за српските медиуми.

srbin-spasi-zhena-od-smrt-na-lefkada-moreto-go-progolta-nejziniot-soprug-parot-se-fotografiral-pokraj-visokite-branovi-03.jpg

Тој рекол и дека забележал како мажот престанал да се бори со брановите кога видел дека сопругата му е спасена.

„Како да му олесна, и главата само му падна во водата. Имавме некои 2 до 5 минути да го спасиме. Направивме синџир од луѓе, но силината на брановите не ни дозволи да му се приближиме.

По 10 минути дојдоа неколку спасувачи и еден успеа да доплива до него, но само даде знак дека мажот починал. Ниту тој, ниту другите спасувачи не успеаја да го извлечат телото од водата. Дури подоцна бран го исфрли телото надвор.

Сите ми велат дека треба да сум среќен што ја спасив жената, ама во мене остана тоа чувство дека можеби можевме да го спасиме и мажот“, рекол Иван.

srbin-spasi-zhena-od-smrt-na-lefkada-moreto-go-progolta-nejziniot-soprug-parot-se-fotografiral-pokraj-visokite-branovi-05.jpg

Тој ја завршува својата приказна со порака до сите што ќе летуваат на Лефкада да внимаваат на брановите.

„Тие навистина изгледаат преубаво, ама се многу опасни. Не се лажете дека можете да пливате во брановите високи половина метар, струите се силни и влечат навнатре, не можете да ги контролирате“, ја завршил својата приказна Иван.

А. Ј. | Црнобело / фото: Depositphotos

Би можело да ве интересира:

Ивана Кораб, една од најубавите Србинки, симна 22kg само 3 месеци по породувањето: „Имам уште сало и... Една од најубавите Србинки, Ивана Кораб, објави видео од плажа во бикини, и пока...
Реки по улиците, луѓе заробени во домовите - По бурата Даниел, делови од Грција повторно поплавени о... Годинава Грција се соочи со можеби најлошите природни катастрофи во изминатите н...
Татко му го напуштил кога бил мал, сопругата ја зел „бегалка“ – Факти за животот на Дино Мерлин Кога имал само 17 години се вљубил во сопругата со која е во среќен брак до дене...
Бившите сопруги го носат неговото презиме, во брак е со 34 години помлада жена – Факти за Жељко Бебе... Си заминал од „Бијело дугме“ затоа што сметал дека приходите не се распоредуваат...
„Додека Нина продаваше крофни, татко ѝ кришум си ги бришеше солзите“: Хероината од Нови Сад среќна, ... „Нина е дар од Бога. Направи чудо, а не е ни свесна за тоа. За неа сè ова е норм...
Факти за Тарик Филиповиќ – го сака посинокот како свое дете, сопругата му е вистинска убавица „Никогаш во животот не ни помислував дека ќе се вљубам во жена што веќе има дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg