Ја изневери сопругата, важи за еден од најголемите турски заводници - Кој е актерот Ибрахим Челикол?

Се прослави со серијата Iffet, во која глумеше покрај Дениз Чакир.

Со познатата актерка се вљубија додека траеше снимањето на серијата и почнаа љубовна врска.

Раскинаа по скоро 2 години, бидејќи тој, наводно, ја изневерил.

Оттогаш го поврзуваа со уште неколку актерки и модели, а турските медиуми пишуваа дека ги изневерувал сите девојки со кои бил во врска.

Ибрахим ги изненади фановите кога во 2017 година тајно се венча со Михре Мутлу.

Иако делуваше дека имаат идиличен брак, тие се разведоа по 5 години. Наводно Михре поднела барање за развод поради неверство на актерот.

Парот го има синот Али, со кого актерот е многу приврзан.

Секојпат кога е со синот, Ибрахим објавува фотографии и видеа од времето поминато со него.

Во слободно време Ибрахим свири на кларинет.

Повремено работи и како диџеј.

Со години тренира бокс.

Повремено држи и тренинзи во боксерски клуб на негов пријател.

Во 2021 година беше на листата Мажи на годината во Турција, во изборот на списанието GQ.

Челикол е познат е и по својата хуманост.

Во 2021 година тој волонтираше при гаснењето на шумските пожари низ Турција.

Ибрахим беше еден од актерите кои најмногу донираа и помогнаа по катастрофалниот земјотрес во Хатај во февруари 2023.

Тој испрати 3 камиони и 15 комбиња помош за настраданите семејства, а го прекина и снимањето на серијата Kuş Uçuşu, која се прикажува на Netflix, за да замине во разорените подрачја.

Уште фотографии од Ибрахим Челикол на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не... „Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Ог...
Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...
Партнерката на Огњен Амиџиќ се пожали од него, но се пофали од свекрвата (чиј сопруг бил убиен во 19... Огњен Амиџиќ на 16 години го загуби татко си, ги презеде сите обврски дома, а се...
Сопругата на Тарик Филиповиќ (53) прослави роденден во Виена - тој ја снима, таа блеска (видео) Вљубениот пар славеше во отмен ресторан во Виена, Лејла изгледа децении помладо,...
Сопругата (49) на Тарик Филиповиќ блеска на одмор во Хрватска - повљубени се од кога било, по роденд... Парот во 2008 година го доби синот Арман, кој неодамна стана полнолетен. Но, Тар...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...

Најчитани неделава