Ја изневери сопругата, важи за еден од најголемите турски заводници - Кој е актерот Ибрахим Челикол?

Ибрахим Челикол се заљуби вo турската ѕвезда Дениз Чакир на снимањето на серијата Iffet. Раскинаа по скоро 2 години, бидејќи тој, наводно, ја изневерил. Турските медиуми за него пишуваат дека ја изневерил секоја жена со која бил во љубов.

ja-izneveri-soprugata-se-otkazha-od-kosharkata-po-smrtta-na-tatko-mu-koj-e-turskiot-akter-ibrahim-chelikol-01.jpg

Актерот Ибрахим Челикол (41) важи за еден од омилените актери во Турција и на Балканот, но има голема поддршка од фановите и во Јужна Америка. 

Со улогите на Чемил во Iffet, Ферхан во Siyah Beyaz Aşk и Кенан во Kuş Uçuşu, Ибрахим стана телевизиска ѕвезда за која се зборува.

Но, колку што е познат по улогите, толку е познат и по љубовните врски и по фактот што ја изневерил секоја девојка со која бил во љубов. Барем така тврдат турските медиуми.

Некои пишуваа и дека ја изневерил сопругата Михре Мутлу, која се разведе од него откако го фатила со друга.

View this post on Instagram

A post shared by İbrahim Çelikkol (@ibrahimcelikkol41)

И покрај аферите, Ибрахим е миленик на турската публика. Плени со својот шарм, со заводливиот поглед и со насмевката.

Актерската кариера ја почнал доцна. Како дете не ни помислувал дека еден ден ќе се занимава со глума.

Сакал да биде спортист, тренирал кошарка, но по смртта на татко му, ненадејно се откажал од спортот.

Што знаеме за Ибрахим Челикол?

Роден е на 14 февруари 1982 година во Измит.

Мајка му е дете на имигранти кои избегале од Солун во Турција, а татко му има арапско потекло.

Неговиот татко бил фудбалер, но Ибрахим повеќе сакал кошарка.

Со висина од 195cm и вистински талент, тој бил повикан да игра за турската репрезентација, за кошаркари до 20 години.

Ибрахим имал 18 години кога татко му починал ненадејно од срцев удар.

По неговата смрт, тој се откажал од спортот. Со мајка му и неговата сестра се преселиле во Истанбул.

„Спортските терени премногу ме потсетуваа на татко ми, затоа не сакав да им се вратам никогаш“, рече во едно интервју актерот.

По преселувањето во Истанбул, почнал да работи како модел.

Го забележала жена која работела во модна агенција и му ја дала својата бизнис картичка, но Ибрахим ја фрлил.

Кога по некое време се сретнале пак, решил да ја прифати нејзината понуда.

Актерот и денес не се откажува од моделингот, па повремено снима реклами и фотосесии за турски брендови.

Првата улога ја добил на 26 години, во серијата Pars: Narkoterör.

Ибрахим отишол на аудиција како поддршка на свој пријател, но продуцентите кога го виделе, му понудиле да се проба и тој. На крај, Ибрахим ја добил улогата.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бившите сопруги го носат неговото презиме, во брак е со 34 години помлада жена – Факти за Жељко Бебе... Си заминал од „Бијело дугме“ затоа што сметал дека приходите не се распоредуваат...
Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед...
Факти за Тарик Филиповиќ – го сака посинокот како свое дете, сопругата му е вистинска убавица „Никогаш во животот не ни помислував дека ќе се вљубам во жена што веќе има дете...
Заради сопругот се откажа од кариерата, а тој ја напушти прерано – Факти за турската актерка со маке... По првиот срцев удар на сопругот побегнале на село, за да живеат мирен и повлече...
Факти за актерот Енгин Акјурек: Важи за најпосакуван турски ерген, „обвинет“ е за разводот на Демет ... Важи за најубавиот маж во светот, но самиот тврди дека не е опседнат со сопствен...
„За да добие пари од мене, мора да ми роди барем 2 деца“ – Што зборуваше првиот сопруг на Јелена Кар... Постапката за развод била завршена за неколку дена. Бојан ја извадил бурмата вед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg