Сите детали за свирепото убиство на српската тиктокерка (18), која ја барале 20 дена и ѝ го нашле телото во стан во Белград

Вчера (06.07) српските медиуми пренесоа дека во стан во Белград било пронајдено искасапеното тело на 18-годишна тиктокерка, која 20-тина дена беше исчезната. Убиецот е уапсен и го признал делото, но не е познат мотивот за свирепото злодело. Ноа Миливојев е трансродова жена, родена во близина на Нови Сад.

ja-barale-20-dena-go-nashle-teloto-vo-stan-vo-belgrad-koja-e-srpskata-influenserka-18-koja-beshe-svirepo-ubiena-01.jpg

Српската јавност и регионот се потресени од бруталното убиство на младата тиктокерка која 20-тина дена се водеше како исчезната.

Ноа Миливојев (18) исчезнала на 17-ти јуни во Белград, а вчера (06.07) српските медиуми споделија дека полицијата го пронашла нејзиното мртво тело.

ja-barale-20-dena-go-nashle-teloto-vo-stan-vo-belgrad-koja-e-srpskata-influenserka-18-koja-beshe-svirepo-ubiena-02.jpg

Nova.rs пренесува дека Ноа била свирепо убиена и дека според неофицијални информации, нејзиното тело било најдено во неколку големи вреќи за отпад.

Ноа Миливојев е трансродова жена родена во близина на Нови Сад. Беше популарна на ТикТок, каде што со своите следбеници споделуваше детали од својот живот.

Нејзиниот профил на социјалната мрежа го следат над 14.000 корисници.

ja-barale-20-dena-go-nashle-teloto-vo-stan-vo-belgrad-koja-e-srpskata-influenserka-18-koja-beshe-svirepo-ubiena-03.jpg

Teelgraf.rs пренесува дека Ноа често трпела болни навреди поради тоа што е трансродова личност, но и покрај тоа не се откажувала од намерата да му покаже на светот дека и трансродовите лица се како и сите други.

Ноа исчезнала на 17-ти јуни, а нејзиното семејство почнало да се грижи откако не можеле да ја добијат на телефон.

Тогаш пуштиле апел на социјалните мрежи, вклучувајќи и неколку српски медиуми, со надеж дека ќе дознаат нешто за неа.

ja-barale-20-dena-go-nashle-teloto-vo-stan-vo-belgrad-koja-e-srpskata-influenserka-18-koja-beshe-svirepo-ubiena-08.jpg

Пред да исчезне, Ноа се слушнала со мајка ѝ и ѝ рекла дека ќе оди во домот на нејзиниот дечко. Член на семејството изјавил дека тогаш дечкото бил испрашан, но кажал дека не ја видел Ноа на денот кога исчезнала.

20-тина дена подоцна, нејзиното тело било пронајдено во стан во Белград.

Српските медиуми пренесуваат дека веднаш бил уапсен и убиецот кој наводно го признал делото и тој им покажал на полицајците каде е телото на Ноа.

ja-barale-20-dena-go-nashle-teloto-vo-stan-vo-belgrad-koja-e-srpskata-influenserka-18-koja-beshe-svirepo-ubiena-05.jpg

Тој ја убил Ноа во неговиот дом, а телото ѝ било толку искасапено, што Ноа била непрепознатлива.

За јавноста не е познат идентитетот на убиецот, ниту мотивот за свирепото убиство на 18-годишната девојка.

https://www.tiktok.com/@noa.diva/video/7245588231687769350

https://www.tiktok.com/@noa.diva/video/7234058908610923782

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Едита раскина со мажот со кого чека дете - Бил мета на убиство, по грешка му ја убиле тогашната дево... Само неколку недели откако Едита Арадиновиќ објави дека е бремена и чека дете со...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Ања Бла ужива во Истанбул, откако му го запалија џипот на Бака Прасе, а новата девојка го фали јавно И додека Ања Бла, по 26-тиот роденден, замина во Истанбул со другарка, Бака Прас...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години „Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...

Најчитани неделава