Луѓето во Србија откриваат: „Зошто има толку многу разводи во последно време?“

„Една од причините за развод е и стапувањето во брак од интерес. Приоритет им се парите, но потоа сфаќаат дека не можат да трпат разни работи само во име на парите“ е еден од одговорите на анкетата: „Зошто денес луѓето толку често се разведуваат?“.

lugjeto-vo-srbija-otkrivaat-zoshto-ima-tolku-mnogu-razvodi-vo-posledno-vreme-03.jpg

Српскиот портал Nova.rs има практика на своите читатели да им прави анкети на интересни теми.

Овојпат

?ref=embed_post" target="_blank" rel="noopener">прашањето кои го поставија до своите читатели на Фејсбук е: „Што мислите, зошто денес луѓето толку често се разведуваат?“

Но, не само во Србија и во Македонија има многу разводи во последно време, па веруваме одговорите ќе ве заинтересираат.

Србите ги споделуваат своите гледишта на ова прашање:

„Затоа што многу луѓе на бракот гледаат површно и како да се прави сè за да се уништи бракот како институција.

Луѓето стапуваат во брак брзо, а всушност се познаваат само површно и штом им помине заљубеноста, почнуваат да им пречат работи кои не ги виделе на почетокот, па мислат дека партнерот ќе се промени, а реалноста е дека нема.

Исто така, причина е и стапувањето во брак од интерес. Приоритет им се парите, но потоа сфаќаат дека не можат да трпат разни работи само во име на парите“.

lugjeto-vo-srbija-otkrivaat-zoshto-ima-tolku-mnogu-razvodi-vo-posledno-vreme-01_copy.jpg

„Живееме во време на нетолеранција, површност и неморал, каде семејниот живот, сигурноста, нормалноста и моралот се непосакувани. Егоцентричноста и вљубеноста во самите себе и ставање на прво место на своите интереси е штетно. На прво место се става јас, а не ние.

Не постои компромис, емпатија, жртвување, тоа е дури маргинализирано и исмејувано.

Парите, раскошот и моќта стануваат синоним за љубов, а не се става фокус на стабилниот семеен живот и бракот, кој е составен од подеми и падови.

Мора да се прекине со нарцисоидноста и да се отстапи простор за љубовта и давање на партнерот чисто срце – нешто што е неопходно за здрав брак и партнерство“.

lugjeto-vo-srbija-otkrivaat-zoshto-ima-tolku-mnogu-razvodi-vo-posledno-vreme-02.jpg

„Жените станаа самостојни, заработуваат добро и не зависат од мажите, не мораат да живеат со нивните родители и не сакаат да трпат ништо.

Мажите пак не се подготвени за овие промени и се обидуваат да ги задржат старите навики.

На оние кои не сакаат да се адаптираат и да направат компромис, им се случува развод“.

Што мислите вие?

С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Градимир од Србија: „Тешко е да си камионџија, особено на празници, но една случка во Минхен ме трог... „Поздрав до сите колеги камионџии, сакам да споделам нешто убаво, да не биде дек...
Игор Којиќ првпат објави фотка со новата девојка - Се вљуби во 27-годишна мисица, по двата разводи Николина е двојно помлада од поранешната сопруга на Игор, Северина, која оваа го...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Девојката со крилја од Србија, родена без раце, е бремена вторпат – објави фотосесија со сопругот и ... Инспиративната Србинка која е родена без раце, позната како „девојка со крилја“,...
Едната има 280 станови, другата ќе го наследи „пола Белград“ - Кои се трите најбогати ќерки во Србиј... Пораснале опкружени со изобилие и во луксуз и се наследнички на најбогатите српс...
Позитива на денот: Дедо од Србија го прослави 90-тиот роденден со скијање и јакна со кул натпис Најинспиративна вест денес – Сретен, кој е најстариот активен скијач во Златибор...

Најчитани неделава