За оние кои не сакаат море: 5 езера во Србија за вистинско уживање во природа

Некои од овие езера во Србија се убаво средени и урбанизирани, а други и понатаму се „диви“, па ќе можете да уживате во недопрената природа.

top-5-ezera-vo-srbija-za-vistinsko-uzhivanje-vo-priroda-posetete-gi-za-vikend-ili-ako-ne-sakate-more-01.jpg

Сигурно многупати досега сте биле на Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро, но веруваме дека веќе сакате да откриете нешто ново и поинакво. Зошто не посетите некое од езерата во соседна Србија?

Блиску се, до нив се стигнува лесно, а имаат прекрасна природа.

Некои од овие езера се убаво средени и урбанизирани, а други и понатаму се „диви“, па ќе можете да уживате во недопрената природа.

Колку и да се атрактивни, во некои од нив не е дозволено капење, па посетителите мора да ги почитуваат правилата кои се поставени од локалните власти.

Дел од езерата во Србија, совршени за да ги посетите:

Палиќко Езеро

Во близина на Суботица и границата со Унгарија се наоѓа оваа природна оаза. Покрај езерото, има убаво уредени патеки кои се наменети за пешаците и за велосипедистите.

Веднаш до езерото се наоѓа и Зоолошката градина, која е една од најпознатите во Србија.

Белоцрквенски Езера

Во недопрената природа на Србија се наоѓаат и Белоцрквенските езера. Ова е комплекс од 7 вештачки езера во Банат, а настанале поради експлоатацијата на песокот од дното на Панонскиот базен на почетокот на 20-тиот век.

Тие се едно од омилените места на рибарите, но покрај самото езеро има многу ресторани, кафулиња и паркови, кои нудат можност за забава и уживање за сите.

Власинско Езеро

Освен по свежиот воздух и недопрената природа, Власинско Езеро е познато и по островите кои лебдат во самото езеро и се движат под влијание на струите и ветерот.

Езерото се наоѓа на надморска висина од 1.200m, во близина на градот Владичин Хан.

Сребрено Езеро

Езерото се наоѓа во близина на Велико Градиште и е едно од омилените места излетнички места во овој дел од Србија.

Околу езерото има убаво уредени патеки, кои нудат можност за пешачење, возење велосипед и други спортски активности.

Борско Езеро

Борско Езеро се наоѓа на надморска висина од 438m. Настанало во втората половина на минатиот век, од планинските реки од Црн Врв.

Водата е исклучително чиста, бистра и студена. Но, тоа не им пречи на луѓето од околните места да го посетуваат во текот на летото.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Мапа покажува каде се појавувала отровната „риба-зајак“ во Грција (и каде би можела да се појави лет... Отровната риба-зајак почнала да се појавува во водите на Грција околу 2003 годин...
Градимир од Србија: „Тешко е да си камионџија, особено на празници, но една случка во Минхен ме трог... „Поздрав до сите колеги камионџии, сакам да споделам нешто убаво, да не биде дек...
По 2 пропаднати брака се ожени со 11 години помлада, чекаат трето дете – Која е атрактивната сопруга... „Некои велат дека сум со него заради пари, но кога го запознав тој беше на дното...

Најчитани неделава