Тон емоции! Баба и дедо во Босна и Херцеговина танцуваат на тераса и заљубено си се смешкаат (видео)

„Прекрасно. Ова влева надеж дека сè уште постои љубов. Денес сите трчаме по пари и скапи предмети, но всушност, цел живот ги памeтиме само ситниците кои нè направиле среќни“ – видео од баба и дедо кои танцуваат на тераса во Босна и Херцеговина разнежни многумина. Ова е она: ‘Засекогаш’ што ви го кажува некој...

ton-emocii-baba-i-dedo-igraat-na-terasa-na-pesna-od-dino-merlin-i-zaljubeno-si-se-smeshkaat-01.jpg

Видео на кое баба и дедо играат на тераса на зградата во која што живеат, стана вистински хит во регионот. Додека тие играат, во позадина се слуша песната „Jedan dan, jedna noć“ од Дино Мерлин.

Видеото, кое разнежни многумина, го објави Зијад Фазлиќ. Се претпоставува дека снимката е направена во Санџак, Босна и Херцеговина, според таговите што ги има оставено под видеото.

Оние, пак, што го погледнаа, велат дека вака изгледа вистинската љубов. 

ton-emocii-baba-i-dedo-igraat-na-terasa-na-pesna-od-dino-merlin-i-zaljubeno-si-se-smeshkaat-02.jpg

„Ова е она: ‘Засекогаш’ што ви го кажува некој или што го кажувате вие“, пишува на видеото, кое стана вирално на Тик Ток и кое има повеќе од 164.000 лајкови и над 500 коментари.

Некои велат дека видеото е толку слатко, што ги расплакало и им ја вратило вербата во љубовта.

„Прекрасно. Ова влева надеж дека сè уште постои љубов. Денес сите трчаме по пари и скапи предмети, но всушност, цел живот ги памeтиме само ситниците кои нè направиле среќни“ – пишува во коментарите.

Погледнете го видеото:

https://www.tiktok.com/@zijad_fazlic/video/7253631096716266779?

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Лука (16) е сместен во дом со 300 лица со попреченост, цело ... „Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мој...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Му ја кинат кошулата, беше цела естрада: Огњен Амиџиќ направи мекици за ќерката Лола и објави прва ф... Десингерица, во свој бизарен стил, му донесе подарок - косилка за трева, Џани пе...

Најчитани неделава