Србин со исповед: „На свадбата еден од гостите остави празен плик – открив за кого се работи“

Што би направиле вие кога некој би ви оставил празен плик на свадба? Ќе се јавувате на сите непотпишани гости за да откриете кој е или пак ќе се правите дека ништо не сте забележале? Овој Србин одлучил да го најде оној кој му оставил празен плик и сега ја раскажува својата приказна.

srbin-so-ispoved-na-svadbata-eden-od-gostite-ostavi-prazno-pliko-kako-otkriv-za-kogo-se-raboti-01.jpg

Во минатото, на свадбите се доаѓаше со подароци во кутии, а во последните неколку години тостерите, сервисите за кафе и другите подароци во големи кутии се заменети со подарок во плик, но еден Србин открива како еден од пријателите се обидел да го надмудри.

srbin-so-ispoved-na-svadbata-eden-od-gostite-ostavi-prazno-pliko-kako-otkriv-za-kogo-se-raboti-02.jpg

Српските портали ја пренесуваат исповедта на Милутин од Чачак кој на српски форум ја раскажа приказната за тоа како еден од гостите се обидел да го надмудри, па оставил празен плик.

„Се оженив пред 12 години и фала Богу, сѐ уште сум во брак. Подобра жена не можев да изберам и ако мене ме прашувате, на сите им препорачувам да стапат во брак.

Но, по искуството што го имав не би ви советувал да правите свадба“ – вели тој.

srbin-so-ispoved-na-svadbata-eden-od-gostite-ostavi-prazno-pliko-kako-otkriv-za-kogo-se-raboti-04.jpg

Во продолжение, Милутин раскажува кое било негативното искуство од свадбата која била со околу 300 гости, а тој и неговата сопруга одлучиле да позајмат пари во надеж дека од подароците во плик ќе успеат да ги вратат долговите.

По веселата свадба која траела до 1 во ноќта, тој и сопругата почнале да ги отвораат подароците, а Милутин почнал да ги одвојува потпишаните пликови, од оние што не се потпишани.

„Ги отвораме ние пликовите, а луѓето оставале колку имале – 20, 30, 50, 100 евра. Секој според своите можности. Добар пријател од војска за кој знаев дека е во финансиски проблеми ми направи трик, па во пликот ставил ливче на кое пишува: ‘Ти должам 50 евра’ и навистина по половина година ми ги даде парите...

Но, да се навратам на случувањата. Земам јас така еден бел плик и гледам дека е тенок... Отворам, а внатре нема ништо!“ – раскажува тој.

srbin-so-ispoved-na-svadbata-eden-od-gostite-ostavi-prazno-pliko-kako-otkriv-za-kogo-se-raboti-03.jpg

Милутин по ова бил видно вознемирен, па бил решен да открие кој од гостите на свадбата одлучил да не им остави подарок.

„Почнав да им се јавувам по ред на сите оние што беа на свадбата, но не се потпишаа на подарокот. Еден братучед, друг братучед, тетка од страната на мајка ми и со ред. Ги прашувам дали им било убаво, се заблагодарувам на подарокот, па им велам: ‘Леле, ни се измешаа честитките, срам ми е, не знам на што треба да ви се заблагодарам?’.

По ова тие ми кажуваат пекач, па 50 евра, сет садови итн.

Кругот се стесни, сите роднини дале нешто. Ми останаа само неколку пријатели. Некои 2 другарки на сопругата и мои 3 другари од кои со едниот заедно пораснавме.

Одевме заедно во градинка, училиште, живее на мојата улица, веднаш до моите родители. По средното образование отиде во Америка, беше таму 10-тина години, но немал работа па се вратил и сега е пак кај неговите“ – раскажува тој и додава дека прво му се јавил нему затоа што бил убеден дека нема шанси тој да му подметнал празен плик.

srbin-so-ispoved-na-svadbata-eden-od-gostite-ostavi-prazno-pliko-kako-otkriv-za-kogo-se-raboti-05.jpg

Како што вели, му се јавил и почнал пак со истиот говор и во мигот кога го прашал на што треба да му се заблагодари, пријателот молчел.

„Му реков: ‘Што молчиш, што се случи?’ и тој почна тука да ме вртка дека му се загубила честитката, дека ставил 200 евра, дека им оставил пари на неговите родители да остават...

Видов колку е часот и му се заблагодарив што бил на свадбата па му реков: ‘Другар, можеше да ми кажеш дека немаш пари, немаше да биде никаков проблем’“ – раскажува Милутин и вели дека по тој настан нивните односи се влошени и веќе не комуницираат.

Оваа негова исповед предизвика лавина реакции, а друга Србинка, Барбара откри дека на нејзината свадба нашла дури 3 празни пликови.

Што би направиле вие ако некој на свадбата ви подметне празен плик?

Б. С. Б. | Црнобело/

фото: depositphotos.com/ freepik.com

Би можело да ве интересира:

Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...
„Не постои противотров за него“ – Турист во Грција почина откако беше каснат од кафеав пајак Местото каде што ве каснал кафеав пајак најчесто наликува на место зафатено со г...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg