„Се држев цврсто за да не ме однесе ветрот“ – Исповед на српски работник за силното невреме што ги зафати Хрватска и Србија (видео)

„Одеднаш се крена прашина и почна да дува ненормален ветер. Толку беше силен што почна да ме носи, морав да се фатам за оградата“ – вели градежниот работник кој бил во близина на градилиштето каде паднаа 2 градежни крана во Белград. Видеа од страшното невреме на Балканот.

se-drzhev-cvrsto-za-da-ne-me-odnese-vetrot-ispoved-na-srpski-rabotnik-za-silnoto-nevreme-shto-gi-zafati-hrvatska-i-srbija-video-01.jpg

Дел од балканските земји вчеравечер (19.07) беа погодени од силно невреме. Во невремето што го зафати Загреб во Хрватска настрадаа две лица, а беше поплавен и центарот на градот.

Се сруши и градежен кран во кој имало едно лице, но за среќа тој успеал да преживее со помали повреди.

Како што пренесува N1, станува збор за индиски државјанин кој бил во Хрватска на работа.

Невремето во Хрватска почна околу 16 часот попладне, а на социјалните мрежи се споделуваат видеа од кои може да се види дека силниот ветар туркал дрвја пред себе и носел кровови од куќи.

Силниот ветер се почувствува и во соседна Србија, а како што може да се види на некои од видеата што се споделуваат на социјалните мрежи, во Белград силниот ветер турнал и градежен кран на градилиште.

Според информациите објавени во српските портали, под налетот на силниот ветер во Белград паднале два градежни крана, од кои едниот бил со 50 метри висина, а другиот малку помал.

Видео снимката на која се гледа падот на кранот масовно се прошири на социјалните мрежи.

Погледнете ја во продолжение:

Republika.rs ја пренесува изјавата на еден градежен работник кој бил во близина на местото каде што се срушил кранот.

„Одеднаш се крена прашина и почна да дува ненормален ветер. Толку беше силен што почна да ме носи, морав да се фатам за оградата.

Во наредниот момент се сѐ смрачи, прво еден, а потоа и другиот кран почна да паѓа“ – вели тој и додава дека иако имало работници, за среќа никој не бил повреден.

Во Србија голем број луѓе побарале брза помош заради повреди. Едно лице било повредено, откако врз него паднало дрво на Кошутњак, а исто така била повредена и 27-годишна бремена жена, врз која паднал лим.

Освен Хрватска и Србија, со силно невреме беа зафатени Словенија и Босна и Херцеговина. Во Словенија имало невреме со силни врнежи од град, додека во Босна и Херцеговина едно лице го загубило животот, а 20-тина други побарале лекарска помош.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хрватска старлета обвинета дека си „направи“ дечко со AI - таа го покажа и вели: „Ме запроси“ „Се запознавме случајно. И не кријам дека бил во затвор, му подметнале дрога“, р...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...

Најчитани неделава