Останал без мајка на 9 години, се борел во кафези – Факти за убавиот турски актер Шукру Озјилдз
- Детали
- сабота, 29 јули 2023
Мајка му починала кога имал 9 години, како дете сонувал да стане актер, но сметал дека тој сон никогаш нема да му се оствари и почнал да студира инженерство. Денес е еден од најзгодните турски актери, а неговите филмови се прикажуваат на Нетфликс и на Фокс – Што знаеме за Шукру Озјилдз.
Убавиот турски актер Шукру Озјилдз во моментов е актуелен со улогата во хит филмот на Нетфликс Love Tactics, кој доби свое второ продолжение, а каде игра со убавата Демет Оздемир.
Македонската публика имаше можност да го запознае во серијата „Траги во огнот“ што се емитуваше на нашите телевизии, каде играше заедно со Керем Бурсин.
Актерот важи за еден од најзгодните турски филмски ѕвезди, а на својот Инстаграм профил редовно објавува фотографии со кои ги краде воздишките кај женската популација, благодарение на соврешното тело и извајаните стомачни мускули.
Неговата животна приказна, пак, е доста интересна и исполнета со голем број подеми и падови.
Во продолжение, неколку интересни факти за него што сигурно не сте ги знаеле:
Шукру е роден на 18-ти февруари 1988-ма година во Измир, Турција. Мајка му била со грчко потекло, а татко му потекнува од регионот околу Црното Море.
Тој има и 2 години помала сестра која се вика Бурџу.
Кога имал само 9 години, мајка му починала, па израснал со татко му кој имал продавница за мебел.
Во една пригода, Шукру откри дека како дете немал многу време за игра, туку дека од најмали нозе го изучувал столарскиот занает со татко му.
По завршувањето на средното образование, Шукру добил стипендија на Универзитетот во Измир на одделот за поморско инженерство, но по само една година се откажал од студиите.
„Си заминав од студиите. Морнарицата не беше тоа што очекував. Постоеше војнички ред што не можев да го прифатам.
Одиш на патување и не се враќаш по 6 месеци. Одлучив без многу да размислувам дека не го сакам тој живот“ – рече тој.
По ова, Шукру повторно полагал примен испит, но овојпат на катедрата за бизнис администрација, со надеж дека ќе му помогне на неговиот татко во бизнисот. Како што рече во една пригода, преку ден му помагал на татко му, а навечер учел.
Но, набрзо потоа одлучил дека му треба одмор од секојдневието и благодарение на Еразмус програмата заминал за Португалија, каде конечно имал можност да биде тоа што сака – да патува и да учествува во борби во кафез.
„Патував и се борев. Кога бев дете ме тераа да се борам затоа што сум хиперактивен, за да се ослободам од вишокот енергија. Одев на тренинзи по карате и теквондо.
Тренирав и мау таи и џиуџицу. Борбите во кафез не се илегални. Во Португалија најдов добар клуб, отидов на неколку натпревари и победив“ – раскажува тој.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





