Турската актерка Демет Оздемир со смели фотки од плажа во Грција 1 месец по разводот со сопругот: „Нека види што загубил“

„Браво, покажи му на бившиот што загубил“ – ѝ порачуваат следбениците на убавата турска актерка Демет Оздемир, која сподели провокативни фотки од одморот во Грција, само еден месец откако најави дека се разведува со сопругот со кого беше 8 месеци во брак.

turskata-akterka-demet-ozdemir-so-smeli-fotki-od-plazha-vo-grcija-1-mesec-po-razvodot-so-soprugot-neka-vidi-shto-zagubil-01.jpg

Турската актерка Демет Оздемир, која игра во серијата Love Tactics на Нетфликс, деновиве е во фокусот на турските медиуми откако се разведе од сопругот Озхан Коч, а по завршувањето на работните обврски, со пријателките замина на одмор.

Минатиот месец Демет објави дека по само 8 месеци брак се разведува од сопругот, а причините, според дел од турските медиуми, биле заради расправија по нејзината роденденска забава.

turskata-akterka-demet-ozdemir-so-smeli-fotki-od-plazha-vo-grcija-1-mesec-po-razvodot-so-soprugot-neka-vidi-shto-zagubil-02.jpg

Наводно, актерката не сакала да слави роденден додека нејзината земја беше завиена во црно поради катастрофалните земјотреси, а тој сепак приредил забава, а потоа се однесувал недолично.

Прочитајте и Бившиот сопруг на Емина Јаховиќ ја направи славна, ѝ го украла дечкото на најдобра другарка – Што знаеме за турската актерка Демет Оздемир?

Убавата актерка, со цел да покаже дека воопшто не тагува заради завршениот брак, постојано објавува фотографии на кои се забавува, а сега ги изненади своите 15 милиони следбеници на Инстаграм со фотографии во бикини од одморот во Грција, за кои доби голем број позитивни коментари.

„Овој дезен не стои на секое тело, а ти си прекрасна“;

„Браво, покажи му на бившиот, нека види што загубил“;

„Убава си како сирена“ – порачуваат дел од нејзините следбеници.

Инаку, Демет веќе неколку денови престојува на островот Миконос во Грција, а оттаму редовно споделува фотографии.

Погледнете дел од нив:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот сопруг на Марија Микиќ: „Јас не сум татко за секоја втора среда и викенд – нема пресуда што ... Во емотивна објава, на која се гледа како ги зема децата од градинка, Јован, пор...
Се разведува еден од најубавите српски парови - Еден ден по веста за разводот, таа се бакнува со нов... Српската актерка Јелисавета Орашанин, по 9 години брак се разведува од кошаркаро...
Го покажа мускулестото тело, насмеан со сопругата - По 1 месец „илегала“, синот на Цеца објави фотки... Синот на Цеца ја напушти Србија и се пресели во Русија за да тренира бокс и да ѝ...
Некогашниот сопруг на Северина, Игор Којиќ, се разведе од 15 години помладата сопруга – татко му е п... Тој сакал мирен живот, а 15 години помладата Софија имала други интереси – не ус...
Бившиот на Цеца (52) го прослави првиот роденден на синот и 30-тиот на сопругата во ист ден Во 2021-ва година Богдан Срејовиќ стана познат како 10 години помладиот дечко на...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...

Најчитани неделава