Една од најзгодните пејачки во регионот Теодора Џехверовиќ откри со кој дел од телото мака мачи
- Детали
- четврток, 23 октомври 2025
„Со еден дел на телото секогаш мака мачам. Регулирањето на исхраната и стресот беше единствен начин да се среди тоа“, вели Теодора Џехверовиќ и откри и дека успеала да си купи и втор луксузен стан.

Теодора Џехверовиќ е една од најзгодните пејачки во регионот, но и таа откри дека мака мачи со еден дел од телото.

Таа одговараше на прашања од фановите на Инстаграм, а едно од прашањата беше поврзано со нејзините тренинзи и вишок килограми.

Една девојка ја праша Теодора дали имала потешкотии со маснотиите на стомакот, а таа објасни дека имала голем проблем, но успеала да го реши.
„Имав проблем со долниот дел од стомакот, но некако успеав сè да ставам под контрола.
Сфатив дека тоа секогаш ќе биде моја слаба точка.
Регулирањето на исхраната и стресот е добар начин да се среди сето тоа, така што тоа беше методот што ми помогна“.

Инаку, Теодора во последно време многу често престојува кај нејзиниот брат во Дубаи, а работите на поле кариера ѝ одат по нагорна линија.
Таа од својата заработувачка веќе си има купено еден луксузен стан, а сега успеа да си купи и втор.

„Купен и втор стан во животот. Ти благодарам Боже“, напиша Теодора, која не можеше да ја скрие радоста.
Таа откри дека првиот стан го платила 250.000 евра.
