Жељко Самарџиќ не може да ја преболи смртта на синот: „Со сопругата ја делиме тагата - си мислиме каков ќе беше ако беше жив“
- Детали
- недела, 06 август 2023
„Раната нема да зарасне додека сме живи. Семејството на татко ми е од Никшиќ, па таму го погребавме малиот Златко. Тоа беше огромна тага за нас. Беше бебе, имаше три и пол месеци, а името Златко му го дадов јас според мојот кум кого го сакав многу,“ рече пејачот Жељко Самарџиќ за смртта на неговиот син.
Пејачот Жељко Самарџиќ секогаш отворено зборува за својот приватен живот, сопругата Маја со која е веќе 45 години, но и за ќерките и внуците кои му се најголемата радост.
И покрај ова, малкумина знаат дека познатиот музичар и неговата сопруга имале и син, Златко, кој починал кога имал само три и пол месеци. Златко бил второ дете на Жељко и Маја, а се родил две години по раќањето на првата ќерка на пејачот, Сања.
Смртта на синот засекогаш оставила неизмерна тага во животите на пејачот и неговата сопруга.
„Раната нема да зарасне додека сме живи. Семејството на татко ми е од Никшиќ, па таму го погребавме малиот Златко. Тоа беше огромна тага за нас.
Кога ќе дојде тој месец, Маја и јас ја делиме тагата и секогаш размислуваме каков ќе беше да останеше жив.
Беше бебе, имаше три и пол месеци, а името Златко му го дадов јас според мојот кум кого го сакав многу“, изјави Жељко во една пригода.
И покрај трагедијата, тие нашле сила да продолжат понатаму, пред сè поради ќерките Сања, Данијела и Миња, од кои сега имаат и 4 внуци.
Неодамна, во интервју за CRNOBELO.com, Жељко зборуваше за музиката, но и за љубовта со сопругата Маја.
Тогаш рече дека таа е единствената жена што некогаш посакал да ги роди неговите деца.
„Во брак сме 45 години и заедно пребродивме многу убави, но и тешки животни моменти. Си бевме рамо за плачење, издржавме и се боревме за љубовната среќа и така е од моментот кога посакав моите деца неа да ја викаат „мама“.
Енергијата и љубовта што потекнуваат од семејниот дом ми значат многу - тоа е ветер во мојот грб.
Има една мудра поговорка која вели дека богат си само кога ќе стекнеш нешто што не може да се купи со пари, а тоа е семејство“, рече тој во интервјуто.
Прочитајте и „Пред 45 години успеав да ја заведам единствената жена која посакав да ми роди деца“ – Жељко Самарџиќ за бракот и кариерата
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





