Цел Балкан ги бара, а тие не се јавиле зошто им се скршил екранот на телефон - Сите детали за српското семејство што исчезна во Грција

„Ужасно неодговорни луѓе. Не е важно ако немаш интернет, јави се на родителите“, „Страшно - ги учат децата, дека ако си на одмор не треба да се јавиш никому“... На Фејсбук не стивнуваат критиките за семејството од Србија по кое два дена се трагаше. Наводно тие биле на Тасос, но не можеле да се јават затоа што немале интернет.

cela-srbija-makedonija-i-grcija-gi-barashe-a-tie-ne-se-javuvale-zashto-nemale-internet-site-detali-za-srpskoto-semejstvo-shto-ischezna-vo-grcija-01.jpg

Во изминативе денови во српските, македонските и грчките медиуми беше објавена веста за исчезнувањето на српското семејство кое во неделата (06.08) тргнале на одмор на островот Тасос во Грција, а по преминувањето на грчката граница им се загубила секаква трага.

Александар и Снежана Јоксимовиќ од Јагодина со двете ќерки тргнале на одмор во Тасос, а откако два дена немале никаков контакт со нив, членовите на нивното семејство се обидоа на секој можен начин да најдат информации што се случува со нив.

Семејството тргнало на пат со возило марка „Опел Корса“ со две врати во црна боја.

Сестрата на Александар на социјалните мрежи апелираше секој што има некакви информации за нив да се јави. Како што рече, тие ја поминале македонската граница околу 10 часот навечер на 6-ти август, а грчката граница на 7-ми август, околу 30-тина минути по полноќ.

Семејството последен пат стапило во контакт со членовите на семејството во неделата околу 22 и 30 часот, откако ја поминале границата со Македонија.

cela-srbija-makedonija-i-grcija-gi-barashe-a-tie-ne-se-javuvale-zashto-nemale-internet-site-detali-za-srpskoto-semejstvo-shto-ischezna-vo-grcija-02.jpg

Во потрагата се вклучи и српското МНР, кое бараше да им се достави пријава, како и да добијат повеќе информации за семејството.

Веста за исчезнувањето беше пренесена во сите регионални медиуми, но сега на Фејсбук групата „Грчка инфо“ се објавени нови информации дека семејството е добро и веќе се стигнати на одмор во Тасос.

cela-srbija-makedonija-i-grcija-gi-barashe-a-tie-ne-se-javuvale-zashto-nemale-internet-site-detali-za-srpskoto-semejstvo-shto-ischezna-vo-grcija-04.jpg

Според објавата, на родителите на Александар им се јавила ќерката, која им кажала дека се добро и дека се на одмор.

Објаснувањето за тоа што не се јавиле е дека немале интернет, а и дека им пукнал екранот на телефонот на којшто имале инсталирано Вибер.

„Добри се и во моментов се на Тасос, ѝ се јавија на мајка ми во Јагодина“ – изјави за српските медиуми сестрата на Александар.

cela-srbija-makedonija-i-grcija-gi-barashe-a-tie-ne-se-javuvale-zashto-nemale-internet-site-detali-za-srpskoto-semejstvo-shto-ischezna-vo-grcija-03.jpg

Сепак, нивното однесување предизвика лавина негативни коментари на Фејсбук, па многумина сметаат дека скршениот екран не е оправдување за таквото однесување од страна на синот и снаатa кои не се јавиле на родителите.

„Цела Србија, Македонија и Грција на нозе, првенствено заради неодговорност и несериозност. Но, сѐ е добро штом добро се заврши“;

„Ужасно неодговорни луѓе. Не е важно ако немаш интернет. Јави им се на родителите кога ќе стигнеш, како повикот да чини 50.000! Неверојатно, цел свет ги бара и сите се загриживме, а тие му подметнале на детето да се јави“;

„Страшни се, а и самите се родители. Убаво ги учат децата, дека ако си на одмор не треба да се јавиш никому“;

„Баш така. Децата ги гледаат родителите. Подоцна ќе си ја удираат главата кога нема да им се јавуваат, како што тоа тие им го прават на родителите“ – стои во дел од коментарите.

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Реки по улиците, луѓе заробени во домовите - По бурата Даниел, делови од Грција повторно поплавени о... Годинава Грција се соочи со можеби најлошите природни катастрофи во изминатите н...
Жена бара совет: „На одмор сме во Грција, не можеме да спиеме од соседите кои се собираат пред апарт... „Секоја вечер 3 до 4 семејства со мали деца ги спојуваат масите, гласно се смеат...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
Анѓелка Прпиќ изгледа фит во црвено, откако тајно се омажи со најдобриот пријател на нејзиниот поран... Актерката Анѓелка Прпиќ, која во мај доби дете, а неодамна тајно се омажи за нај...
Четка за тоалет од 700 евра, радијатори - уметност: Како изгледа стан од 1 милион евра во „Белград н... Еден радијатор во овој стан чини 3.000 евра, но тие навистина наликуваат на умет...
Синот на Брена витка сарми, Неда Украден крши погача со внуките - Како се славеше Св. Архангел Михаи... Новак Ѓоковиќ не беше дома за славата, Неда Украден ја покажа богатата трпеза, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg