Најсимпатичната приказна од Грција летово: Детенцето од Србија не ја најде мистериозната Дарина и само отиде на сладолед

„Се враќаме во Србија, а Дарина не ја најдовме. Дознавме дека нејзините родители изнајмиле брод и таа најверојатно шишето со пораката го фрлила од бродот. Марко се поздрави со Константинос, а сладоледот ќе го подели со Дарина или некоја друга ‘Дарина’, бидејќи Грција, морето, палмите и мирисите носат некоја магија“.

detenceto-od-srbija-ne-ja-najde-misterioznata-darina-pa-sam-otide-na-sladoled-kaj-konstantinos-04.jpg

Марко од Србија стана вистински миленик во регионот, откако неговиот татко на Фејсбук објави фотографија велејќи дека тој на плажа нашол порака во шише, потпишана од извесна Дарина, па заедно пробаа да го најдат мистериозното девојче.

Тие ја поканија Дарина на сладолед во позната слаткарница во Вурвуру, каде што беа на летување, но љубовната потрага заврши без успех.

Но, пред да заминат од летувањето, таткото на детенцето, Душан Владислав, објави нова порака и фотографија дека неговиот син сепак е на сладолед кај Константинос, каде што го чекаше девојчето.

detenceto-od-srbija-ne-ja-najde-misterioznata-darina-pa-sam-otide-na-sladoled-kaj-konstantinos-03.jpg

„Големо благодарам до сите членови на групата кои ни дадоа поддршка да ја најдеме мистериозната Дарина. Многу е убаво што луѓето ја препознаа детската невиност. Како што напишаа некои, можеби и ние возрасните би можеле да научиме нешто од децата.

За жал, ние се враќаме во Србија, а Дарина не ја најдовме. Дознавме дека нејзините родители изнајмиле брод во Ормос Панагијос и таа најверојатно шишето со пораката го фрлила од бродот.

Марко се поздрави со Константинос, до следната година. А сладоледот... ќе го подели со Дарина или некоја друга ‘Дарина’, бидејќи Грција, морето, палмите и мирисите носат некоја магија“, напиша тој.

detenceto-od-srbija-ne-ja-najde-misterioznata-darina-pa-sam-otide-na-sladoled-kaj-konstantinos-01.jpg

Тој на 7 август објави две фотографии од својот син, кој нашол порака во шише на плажа и јавно побара помош да го најдат девојчето што се потпишало како Дарина.

Иако членовите на групата „Грчка инфо“, каде што ја објави пораката, се обидоа да му помогнат, потрагата заврши неуспешно.

„Тоа е таа неисполнета младешка љубов, ама ќе му остане како убава приказна“,

„Еве јас сум Дарина и иако сум постара, работам со деца, па го канам Марко на сладолед“,

„Колку е Марко сладок, многу Дарини ќе стојат во ред за да му ги кажат на глас своите пораки“, се дел од коментарите.

detenceto-od-srbija-ne-ja-najde-misterioznata-darina-pa-sam-otide-na-sladoled-kaj-konstantinos-02.jpg

Прочитајте и Детенце од Србија најде порака во шише на плажа во Грција, па преку Фејсбук ја бара мистериозната Дарина

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...

Најчитани неделава