Девојка од Србија стана мета на критики на Твитер со нејзината роденденска кореографија, па им одговори на хејтерите (видео)

„Ова е мојот роденден и да, јас сум девојката во црно. Посакувам барем на неколку минути да носам туѓа глава за да видам кому и како му штетат овие неколку движења и една одредена песна“ – порача пинковата ѕвездичка Ива Грујин, која се соочи со критики на Твитер затоа што со другарките на нејзиниот 18-ти роденден танцувала на песна од Теа Таировиќ.

kako-mozhe-zabavata-da-shteti-devojka-od-srbija-odgovori-na-kritikite-otkako-nejzinata-rodendenska-koreografija-stana-hit-na-tviter-video-01.jpg

Некогашната пинкова ѕвездичка Ива Грујин стана вистински хит на Твитер откако објави видео на кое за време на нејзиниот 18-ти роденден заедно со другарките танцуваат во заедничка кореографија на песната „Биби Хабиби“ од Теа Таировиќ.

kako-mozhe-zabavata-da-shteti-devojka-od-srbija-odgovori-na-kritikite-otkako-nejzinata-rodendenska-koreografija-stana-hit-na-tviter-video-02.jpg.jpg

Првично, видеото од прославата доби голем број критики заради изборот на песната, но на многумина танцот и забавата им изгледаат симпатично и убаво.

По негативните коментари, на Твитер се огласи и самата Ива Грујин, која порача:

„Ова е мојот роденден и да, јас сум девојката во црно. Посакувам барем на неколку минути да носам туѓа глава за да видам кому и како му штети кога станува збор за неколку движења и за една одредена песна.

Со оглед на тоа што никој не е повреден и навреден, мислам дека сè е на свое место. Ширете малку љубов, тоа не штети“.

Ива и нејзините другарки добија голем број позитивни коментари, од луѓе кои велат дека целата атмосфера им изгледала мошне симпатично и забавно.

Иако многумина не се согласуваат со музичкиот избор на девојките, сепак им се допаѓа тоа што тие се расположени и весели и се потрудиле да ја разубават вечерта.

„Девојките само се радуваат, се потрудиле некому да му ја разубават вечерта и прославата, така што ја научиле кореографијата. Станува збор за вкусови, но не треба да се потсмевате на нечиј труд, слога и среќа;

Ова изгледа фантастично. Се гледа убава и опуштена атмосфера и насмевки. Што треба повеќе?

Овде гледам само убаво расположени луѓе“ – стои во дел од коментарите.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Основачот на EXIT емотивен за годишнината од смртта на сопругата, со која доби 3 деца: „Постојано е ... „Кога ме прашуваат како сум, кажувам дека со три мали деца, немам друга опција о...
Теа Таировиќ: „Само во недела се опуштам, ќе изедам бурек, па 3 дена плачам - Баба ми знае да ми каж... „Обично кога се враќам од настап, ако сум со автомобил, застанувам во пекарница ...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...

Најчитани неделава