Приказна која ја згрози Турција: Психолог им давал опојни супстанци на над 180 деца и ги терал да кажат дека се силувани од родителите

„Ги уценувал родителите со снимките на кои нивните деца, под дејство на опојни супстнаци, тврдат дека биле сексуално малтретирани“ – приказната за турскиот психолог Сулејман Салих Зоролу ја згрози Турција. Тој ги дрогирал децата кои доаѓале кај него и ги терал да кажуваат дека се малтретирани од нивните родители.

prikazna-koja-ja-zgrozi-turcija-psiholog-im-daval-opojni-supstanci-na-nad-180-deca-i-gi-teral-da-kazhat-deka-se-siluvani-od-roditelite-01.jpg

На 11-ти септември годинава, турскиот психолог Сулејман Салих Зоролу бил уапсен во неговата ординација во Истанбул, откако полицијата утврдила дека на над 180 деца им дал психотропни супстанци, со цел да заработи од идните третмани.

Тој за време на сесиите ги манипулирал децата да почнат да веруваат дека имаат пореметување на повеќе личности и дека биле сексуално злоставувани од родителите, а тие сеќавања биле потиснати во нивната потсвест.

prikazna-koja-ja-zgrozi-turcija-psiholog-im-daval-opojni-supstanci-na-nad-180-deca-i-gi-teral-da-kazhat-deka-se-siluvani-od-roditelite-02.jpg

Властите почнале да се сомневаат во работењето на Зоролу откако тој од отворањето на неговата приватна клиника пред 2 години, поднел пријава за дури 40 деца кои се жалеле дека биле сексуално вознемирувани.

Истрагата утврдила дека тој им давал на децата психотропни супстанци, односно им го давал лекот „кетамин“ коj предизвикува загуба на меморијата, па децата воопшто не се сеќавале на мигот кога дале признание дека биле сексуално малтретирани.

prikazna-koja-ja-zgrozi-turcija-psiholog-im-daval-opojni-supstanci-na-nad-180-deca-i-gi-teral-da-kazhat-deka-se-siluvani-od-roditelite-03.jpg

Дел од семејствата на децата кои биле повикани на разговор со властите тврдат дека лекарот барал да му дадат пари за да не го поднесе извештајот до властите, а други пак велат дека им рекол дека децата може да им се самоубијат ако не продолжат со третманите.

По ова, тој носел дел од децата во куќи во други делови од Истанбул кои функционирале како неофицијални клиники и каде децата постојано биле „лекувани“ со опојни супстанци.

Тој на родителите им наплаќал по секој третман, за терапијата, но и за лековите што им ги давал на децата.

prikazna-koja-ja-zgrozi-turcija-psiholog-im-daval-opojni-supstanci-na-nad-180-deca-i-gi-teral-da-kazhat-deka-se-siluvani-od-roditelite-05.jpg

Инаку, при претресот, турската полиција во домот на Зоролу нашла шишиња со лекот „кетамин“, а тој тврдел дека им го дава на децата како дел од терапијата.

Наводно, главна цел на психологот била да создаде конфликт помеѓу децата и семејствата за потоа да ги однесе во странство, каде би тренирале во кампови на терористички организации.

Вниманието на властите кон Сулејман Салих Зоролу се свртело и откако бил поднесен приговор од страна на родителите на едно 15-годишно девојче кое дошло во неговата клиника.

Психологот веднаш му поставил на девојчето дијагноза на повеќекратна личност и тврдел дека има дури 48 различни личности во него кои се предизвикани од сексуалното злоставување од татко ѝ.

Потоа, додека била на третман, ѝ дал од дрогата за да ја натера да раскаже доста детална приказна за насилството што го трпела.

prikazna-koja-ja-zgrozi-turcija-psiholog-im-daval-opojni-supstanci-na-nad-180-deca-i-gi-teral-da-kazhat-deka-se-siluvani-od-roditelite-10.jpg

Сулејман го доставил извештајот до властите, и откако одговорните дошле да проверат што се случува во нејзиниот дом, бил направен медицински преглед кој покажал дека девојчето е девица и не било силувано.

Сулејман претходно бил шеф на Одделот за детска психологија во клиника во Истанбул, но бил избркан откако било утврдено дека е поврзан со терористички организации.

Потоа поминал 15 месеци во затвор, а пред 2 години бил пуштен на слобода за да ѝ помогне на мајка му која не била добра.

Тогаш ја отворил приватната клиника, која функционирала во последните 2 години.

Б. С. Б.  | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Српски пејачи кои биле уапсени (и завршиле во притвор) Теа Таировиќ била фатена со непријавени пари, Раста со дрога, а Бора Чорба обива...
Татко му го напуштил кога бил мал, сопругата ја зел „бегалка“ – Факти за животот на Дино Мерлин Кога имал само 17 години се вљубил во сопругата со која е во среќен брак до дене...
Кое е ветувањето што Реља Поповиќ ѝ го дал на мајка му Зоја, но никогаш нема да може да го исполни? Луксузни одмори, патувања, скап автомобил, скапа облека... Реља Поповиќ денес зн...
Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед...
Реки по улиците, луѓе заробени во домовите - По бурата Даниел, делови од Грција повторно поплавени о... Годинава Грција се соочи со можеби најлошите природни катастрофи во изминатите н...
Факти за Тарик Филиповиќ – го сака посинокот како свое дете, сопругата му е вистинска убавица „Никогаш во животот не ни помислував дека ќе се вљубам во жена што веќе има дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg