Девојката на Огњен Амиџиќ во 5-тиот месец од бременоста повеќе не може да ги трпи нападите од хејтерите - Се огласи на Инстаграм

Српската ТВ водителка Мина Наумовиќ, која е во врска со актерот и водителот Огњен Амиџиќ одлучи да се пресмета со „хејтерите“ коишто на нејзиниот Инстаграм профил упатуваат навредливи коментари и закани. Фановите на неговата поранешна сопруга, Данијела Димитровска постојано упатуваат навредливи коментари до неа, но таа одлучи дека повеќе нема да молчи.

devojkata-na-ognjen-naumovikj-se-presmeta-so-hejterite-na-instagram-sekoj-shto-kje-me-navreduva-kje-bide-blokiran-01.jpg

Откако се дозна дека по разводот Огњен Амиџиќ започнал врска со својата 20 години помлада колешка Мина Нумовиќ и сега заедно го очекуваат своето прво заедничко дете, мислењата во јавноста се поделени.

Додека едни им честитаат и им посакуваат сѐ најдобро, постојат и такви коишто упатуваат погрдни и навредливи коментари, упатени токму до младата Мина.

devojkata-na-ognjen-naumovikj-se-presmeta-so-hejterite-na-instagram-sekoj-shto-kje-me-navreduva-kje-bide-blokiran-02.jpg

Водителката која во моментов е во петтиот месец од бременоста одлучи дека нема потреба да го трпи таквото насилство, па на Инстаграм Стори објави порака со која се пресмета со сите оние што ја навредуваат.

„Со месеци наназад трпам најлоши навреди и закани заради медиумската кампања (намерно го користам токму тој термин) во рамки на која се пласирани голем број лаги и во која јас сум претставена како негативец.

Јас молчев, но така избрав.

devojkata-na-ognjen-naumovikj-se-presmeta-so-hejterite-na-instagram-sekoj-shto-kje-me-navreduva-kje-bide-blokiran-03.jpg

Во петтиот месец од бременоста веќе не сакам и не морам да бидам изложена на тоа, макар не на својот Инстаграм профил. Се тргнав зад камерите и се повлеков од јавниот живот затоа што во овој миг ми се потребни приватност и мир.

Доколку и понатаму имате потреба да седите на мојот профил, чекајќи да видите каде сум и што правам, правете го тоа во тишината на вашите мрачни кулоари, затоа што поинаку нема да имате пригода за тоа. Секој профил што ќе ми упати што било лошо, ќе биде блокиран.

Секако имајте предвид дека тоа нема ниту да ви ги реши проблемите, ниту да ви ги плати сметките.

Секое добро“ – им порача Мина на сите што ѝ упатувале погрдни коментари во изминатиот период.

devojkata-na-ognjen-naumovikj-se-presmeta-so-hejterite-na-instagram-sekoj-shto-kje-me-navreduva-kje-bide-blokiran-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мина, сопругата на Огњен Амиџиќ, откри зошто нема да се врати во „Амиџи шоу“ (и се шегува на негова ... „Се запознавме преку заеднички пријатели, кои подоцна ни станаа и кумови. Во мор...
Огњен Амиџиќ се огласи откако му се роди третото дете: „Пресреќен сум, Мина и бебето се супер“ Сопругата на Огњен Амиџиќ денес се породи во приватна клиника, а тој стана татко...
Огњен Амиџиќ и сопругата чекаат второ дете, една година по раѓањето на синот - Мина е во 6-иот месец... Популарниот водител и сопругата го добија синот Перун во 2024-та година, а до кр...
Ѕирнете во домот на Огњен и Мина Амиџиќ – го реновирале за 100.000 евра, луксузно опремен со многу с... Луксузна бања со романтична атмосфера со цвеќиња, високи плафони, скриени светла...
Oгњен Амиџиќ го испрати 1-годишниот син во градинка - очекува трето дете од третиот брак, доби нова ... Откако го испрати во градинка синот во кул стајлинг и откри дека сопругата му е ...
Му ја кинат кошулата, беше цела естрада: Огњен Амиџиќ направи мекици за ќерката Лола и објави прва ф... Десингерица, во свој бизарен стил, му донесе подарок - косилка за трева, Џани пе...

Најчитани неделава