Како Немања Гудељ ѝ ја честиташе годишнината од врска на Анастасија Ражнатовиќ + До каде се подготовките за свадбата?

Се очекува Анастасија и Немања Гудељ во декември годинава да направат голема свадба во Шпанија, а во саботата пејачката се пофали дека нејзиниот сопруг е мошне грижлив, па внимава на важните датуми во врската. Со огромен букет и романтична порака, тој ѝ ја честиташе годишнина од врската.

kako-nemanja-gudelj-i-ja-chestita-godishninata-od-vrska-na-anastasija-razhnatovikj-do-kade-se-podgotovkite-za-svadbata-01.jpg

Ќерката на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, пред извесен период во тајност се омажи за фудбалерот Немања Гудељ, со кого е во врска веќе 1,5 година, а во саботата (30.09) сподели дека нејзиниот сопруг е навистина внимателен и не ги заборава важните датуми во нивниот живот.

Анастасија објави неколку фотографии од себеси како во рацете држи огромен букет со рози, што го добила од нејзиниот сакан и ја покажа пораката што тој ѝ ја упатил, а на која пишува:

„Среќна 1,5 година бубичка моја. Ќе те сакам засекогаш“.

kako-nemanja-gudelj-i-ja-chestita-godishninata-od-vrska-na-anastasija-razhnatovikj-do-kade-se-podgotovkite-za-svadbata-02.jpg

До фотографиите Анастасија во описот му одговори на својот сопруг, така што накратко му порача:

„Те сакам најмногу!“

Инаку, ова беше мошне тешка година за Анастасија и Немања, откако во мај ја загубија неродената ќерка, додека пејачката беше во петтиот месец од бременоста.

По краткиот период во кој и двајцата беа скршени од болка и многумина им предвидуваа дека ќе се разделат, парот покажа дека нивната љубов е посилна од сѐ, па така фудбалерот ја запроси Анастасија за време на романтична вечера кон крајот на јули.

kako-nemanja-gudelj-i-ja-chestita-godishninata-od-vrska-na-anastasija-razhnatovikj-do-kade-se-podgotovkite-za-svadbata-04.jpg

Еден месец подоцна, кон крајот на август, парот стапи во брак на интимна церемонија во Шпанија, но се очекува тие да направат и традиционална српска свадба на која ќе бидат поканети голем број од нивните пријатели и роднини.

Српските медиуми, повикувајќи се на сопствени извори пишуваат за тоа како одат подготовките за свадбата.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Нема да има свадба, Мелина измислила дека се мажи – бившата на Харис Џиновиќ сакала да го изнервира „Нема ништо од свадбата. Никаква венчавка нема да има. Јасно е дека не останаа в...
Анастасија Ражнатовиќ (28) со видео качена на грб кај Гудељ прослави 3 години брак, доби син - Која ... „Таа ми е најдобра другарка. Таа ќе ми биде и кума на свадбата. За неа ништо не ...
Ѕирнете во домот на Анастасија Ражнатовиќ и Гудељ во Севиља – луксузно опремена вила од 6 милиони ев... „Целата вила е во стакло, што посебно им се допадна. Пространа е, а од дневната ...
Анастасија Ражнатовиќ и сопругот како од модно списание, а таа го возвишува: „Ти си сè што една жена... „Те молам прости ми, не можам да престанам да те сакам... Ти си сè она што една ...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...

Најчитани неделава