Син е на еден од најбогатите Срби, првата свршеница му почина од рак: Факти за Стефан Кариќ, еден од најпосакуваните српски ергени

Ја избричи главата во знак на поддршка на свршеницата што боледуваше од рак, па потоа имаше гласини дека ја изневерил. Српска старлета го обвини за насилство – Кој е Стефан Кариќ, Србинот што често привлекува внимание со своите скандали?

sin-e-na-eden-od-najbogatite-srbi-prvata-svrshenica-mu-pochina-od-kancer-fakti-za-stefan-karikj-eden-od-najposakuvanite-srpski-ergeni-01.jpg

Во српските таблоиди честопати место наоѓа и името на Стефан Кариќ, еден од најпосакуваните српски ергени, кој стекна слава благодарение на учеството во ријалити шоуто „Задруга“.

Стефан Кариќ (31) важи за еден од најпосакуваните ергени во Белград, а освен со учествата во ријалити шоута ќе биде запаметен и по неговите врски со познати Србинки.

sin-e-na-eden-od-najbogatite-srbi-prvata-svrshenica-mu-pochina-od-kancer-fakti-za-stefan-karikj-eden-od-najposakuvanite-srpski-ergeni-06.jpg

Во периодот додека беше дел од шоуто „Задруга“, тој беше во врска со српската мисица Дијана Милојковиќ, која подоцна заболе од карцином на грлото на матката.

За време на врската со Дијана, Стефан ѝ беше најголема поддршка додека таа одеше на зрачења, па дури кога ѝ опадна косата од хемотерапијата, тој ја избричи главата во знак на солидарност.

sin-e-na-eden-od-najbogatite-srbi-prvata-svrshenica-mu-pochina-od-kancer-fakti-za-stefan-karikj-eden-od-najposakuvanite-srpski-ergeni-10.jpg

За тој гест доста се пишуваше во српските медиуми, па заради тоа тие двајца станаа еден од омилените српски парови.

sin-e-na-eden-od-najbogatite-srbi-prvata-svrshenica-mu-pochina-od-kancer-fakti-za-stefan-karikj-eden-od-najposakuvanite-srpski-ergeni-07.jpg

Стефан го истетовира ликот на Дијана на своето тело, па таа по одреден период го промени и своето презиме на социјалните мрежи, што многумина поттикна да пишуваат дека парот во тајност се венча, но тие ниту ги потврдијa, ниту, пак, ги демантираа вестите.

sin-e-na-eden-od-najbogatite-srbi-prvata-svrshenica-mu-pochina-od-kancer-fakti-za-stefan-karikj-eden-od-najposakuvanite-srpski-ergeni-11.jpg

Во мај 2017-та година, парот објави дека се разделиле, по што Дијана ги избриша сите негови фотографии и повторно го промени презимето. Наводно, причина за разделбата било тоа што Стефан ја изневерил девојката.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Основачот на EXIT емотивен за годишнината од смртта на сопругата, со која доби 3 деца: „Постојано е ... „Кога ме прашуваат како сум, кажувам дека со три мали деца, немам друга опција о...
Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловил... Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а с...

Најчитани неделава