Го намолија да се качи на сцената, па го „украде“ шоуто: Новак Ѓоковиќ свири саксофон на концертот на Стјепан Хаусер

„Има ли нешто што Ноле не знае да го направи?“ – прашуваат твитерџиите, откако на социјалните мрежи вирално се прошири видеото на кое се гледа како Новак Ѓоковиќ свири на саксофон за време на концертот на Стјепан Хаусер.

edvaj-go-namolija-da-se-kachi-na-scenata-pa-go-ukrade-shouto-video-od-novak-gjokovikj-kako-sviri-saksofon-na-koncertot-na-stjepan-hauser-01.jpg

Музичарот Стјепан Хаусер вчеравечер одржа концерт во Белград, а најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена беа во првите редови во публиката.

Но, моментот од кој многумина останаа изненадени е тоа што Ноле застана на сцената и се обиде да свири на саксофон заедно со другите членови на бендот.

Видеото на кое Ноле ги покажа своите музички способности стана хит на социјалните мрежи, па многумина коментираат дека најдобриот светски тенисер имал скриени способности за кои никој претходно не знаел.

„Постои ли нешто што Ноле не може да го направи?“ – прашуваат твитерџиите.

Инаку, видеото од настапот на Ноле е споделено и на Инстаграм профилот на Стејпан Хаусер, а во него се гледа како тој го кани на сцената, а Ноле прво одмавнува со раката и вели: „Не“, но потоа сепак одлучи да се качи на сцената и да приреди вистинско изненадување за публиката.

„Каква ноќ синоќа во Белград!!! Ви благодарам од срце... А добивме и нов член на бендот“ – напиша Стјепан до видеото.

Погледнете го настапот на Ноле:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
„Некој да ме гледа како тој неа“ – Јаков Јозиновиќ (20) и Џејла Рамовиќ (23) во ново видео разгореа ... „Колку делуваат заљубено“, „Сакам да најдам некој што ќе ме гледа како Јаков што...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Јелена Ѓоковиќ за 40-тиот роденден во фустан од 500$ и без шминка – Ноле ѝ приреди луда забава, тој ... Откако покажа колку ја сака со дронови на небото, протекоа снимки од забавата шт...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Јелена Ѓоковиќ: „Се чувствував невидлива, бев анксиозна - зошто е тешко да се биде сопруга на Новак ... „Бев анксиозна, тоа ме уништи. Ја уништи мојата слика за самата себе. Некогаш ме...

Најчитани неделава