Хрватка открива детали за свадбата како од индиска серија: „Со сопругот Индиец имавме 2.000 гости, ни правеа натални карти“

Барбара, која неодамна гостуваше во емисијата „

/?mibextid=zDhOQc" target="_blank" rel="noopener">Добро утро, Хрватска“, зборуваше за својата необична свадба.

„На шега сакам да кажам дека имам 29 години и дека сум се мажела три пати.

Свадбите во Индија се спектакуларни, немам зборови да ги опишам. Секој ден е различен и секој ден е на различно место со различно уредување.

hrvatka-napravi-svadba-kako-od-indiska-serija-se-venchavme-pred-18-meseci-so-2-000-gosti-ni-pravea-natalni-karti-07.jpg

Првиот ден забавата беше во шатор, на отворено, а на тревата наоколу имаше над 2.000 луѓе.

Следниот ден отпатувавме во друг град и имавме цел остров за нашата венчавка, па таму славевме. Секој гостин имаше свој батлер на таа прослава. Само фотосесијата со гостите траеше 3 часа и добив воспаление на мускулите на лицето од смеење“, вели Барбара.

Таа раскажува дека нејзините родители на почетокот биле шокирани кога им кажала за врската со Аман.

„Отпрвин беа малку изненадени, не знаеја како да се прилагодат на индиската култура. Но, како што го запознаваат, сега мислам дека на моите родители дури повеќе им се допаѓа Аман, отколку на мене“, рекла Барбара низ смеа.

Еден од обичаите ѝ бил особено необичен, а тоа е дека пред свадбата младенците одат кај астролог.

„Кога мајката на Аман нè одведе кај астрологот, тој рече дека сме најлошата љубовна комбинација што ја видел во последните 30 години.

Toa беше малку загрижувачки, но се венчавме и среќни сме“, додала Барбара.

hrvatka-napravi-svadba-kako-od-indiska-serija-se-venchavme-pred-18-meseci-so-2-000-gosti-ni-pravea-natalni-karti-03.jpg

Барбара и Аман се запознале во Лондон, а во 2020 година се преселиле во Загреб и засега имаат намера да останат таму.

Повеќе фотографии од свадбите на Барбара и Аман на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Хрватска старлета обвинета дека си „направи“ дечко со AI - таа го покажа и вели: „Ме запроси“ „Се запознавме случајно. И не кријам дека бил во затвор, му подметнале дрога“, р...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Србинка пронајде љубов на 80 години: „Во брак сме 2 години, се запознавме на Фејсбук, помлад е 13 го... Дека љубовта не познава возраст, докажува Оливера (83) која во деветтата децениј...
Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...
Милица Дабовиќ, која призна дека е спремна на сè за пари, ќе се мажи за кумот на Дарко Лазиќ: „Среќн... „Зафатена сум, сакана сум и верена сум“ – одговори Милица дрско на обожавател, о...

Најчитани неделава