Беше осуден за двојно убиство, се бори со тешка болест на белите дробови – Факти за актерот Жарко Лаушевиќ
Во периодот додека живееле во САД, Жарко 10 години бил таму илегално заради што морал да работи на работни места каде што не се барало јазик и документи. Во една пригода откри дека во тој период работел како молер, каде му плаќале по 13 долари на час.
Кога им се родила ќерката Јана, Жарко морал еден период да остане дома и да се грижи за децата, затоа што во тој период на дадилката требало да ѝ плаќаат по 15 долари на час за чување деца, што за нив финансиски не било можно. Неговата сопруга Анита, пак како шминкерка имала многу повеќе ангажмани, па успеала да работи и на сериите Castle, Sex and the City итн.
Во 2001-ва година во Србија се случил нов пресврт, кога по жалба на обвинителството била донесена нова пресуда против Жарко, според која тој требало да отслужи 13 години затвор и за него била распишана меѓународна потерница.

Во 2009-тата година Жарко бил уапсен во САД, затоа што му истекла визата, по што требало да биде пренесен во Србија, но за среќа по само неколку месеци, притворот во Њујорк му бил прекинат.

Во 2011-та година актерот беше помилуван од страна на тогашниот претседател на Србија, БорисТадиќ, а на 1-ви февруари 2012-та година му бил вратен српскиот пасош.

Во 2014-та година, по 15-години живот во САД, Жарко одлучи да се врати во Србија. Тој се врати во својата земја заради свадбата на неговата прва ќерка Асја со црногорскиот музичар Никола.
По враќањето во Србија, Жарко повторно се враќа на актерскиот живот и на глумата. Тој често отворено зборува за сите периоди во својот живот и за сите неволји низ кои поминал.

Во последниот период беше застапен во медиумите заради тоа што еден месец помина во болница каде се бори со тешка болест на белите дробови, а во некои српски списанија има гласини дека актерот боледува од рак на белите дробови.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм
Би можело да ве интересира:
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре...
Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл...
„Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ...
„Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре...
„Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,...
„Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ...
Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...