Беше осуден за двојно убиство, се бори со тешка болест на белите дробови – Факти за актерот Жарко Лаушевиќ

Неодамна актерот Жарко Лаушевиќ за првпат се појави во јавност, откако еден месец помина во болница, а гласините се дека актерот се бори со рак на белите дробови. Актерот во 90-тите беше во затвор во Србија, откако беше обвинет дека извршил двојно убиство – Факти за Жарко Лаушевиќ.

beshe-obvinet-za-dvojno-ubistvo-se-bori-so-teshka-bolest-na-belite-drobovi-fakti-za-akterot-zharko-laushevikj-01.jpg

Српскиот актер, со црногорско потекло Жарко Лаушевиќ (63) долги години наназад привлекува внимание во јавноста. Во моментов е најактуелен заради улогата на филмот „Хероји Халијарда“, на чијашто премиера сепак успеа да дојде, иако претходно еден месец беше во болница заради сериозно заболување на белите дробови.

А неговите фотки беа објавени во голем број српски портали на кои се гледа дека е видно ослабен и исцрпен.

Освен во филмот, Жарко игра и во серијата „Калкански кругови“, каде ја толкува улогата на Велибор Матиќ.

beshe-obvinet-za-dvojno-ubistvo-se-bori-so-teshka-bolest-na-belite-drobovi-fakti-za-akterot-zharko-laushevikj-09.jpg

Лаушевиќ е еден од најпознатите актери за чиешто име во минатото се врзуваа голем број скандали, а во 2019-та година тој ја објави и својата книга насловена „Godina prođe, dan nikad“, каде детално се осврнува на деновите поминати во затвор додека бил обвинет за убиство.

beshe-obvinet-za-dvojno-ubistvo-se-bori-so-teshka-bolest-na-belite-drobovi-fakti-za-akterot-zharko-laushevikj-07.jpg 

За неговиот живот е снимена и ТВ серија со Милан Мариќ во главната улога, која е насловена „Пад“.

Во продолжение неколку факти за еден од најпознатите регионални актери:

Жарко Лаушевиќ бил роден во 1960-та година во Цетиње, Црна Гора. Средно образование завршил во Подгорица, а потоа се запишал на Академијата за драмски уметности во Белград. Во 80-тите години на минатиот век важел за еден од најпознатите југословенски актери.

beshe-obvinet-za-dvojno-ubistvo-se-bori-so-teshka-bolest-na-belite-drobovi-fakti-za-akterot-zharko-laushevikj-04.jpg

На почетокот на 90-тите години Лаушевиќ требало да го толкува ликот на Свети Сава, но некои од тогашните политичари оневозможувале претставата да биде одиграна.

Ги провоцирале актерите и иако не ја ни погледнале почнале да шират нетрпение меѓу јавноста дека оваа претстава го навредува ликот на овој светец.

По големиот број закани што ги добивал, Жарко одлучил да купи пиштол за самоодбрана што го носел постојано со себеси.

beshe-obvinet-za-dvojno-ubistvo-se-bori-so-teshka-bolest-na-belite-drobovi-fakti-za-akterot-zharko-laushevikj-05.jpg

Во јули 1993-та година Жарко ќе се најде речиси во сите медиуми во поранешна Југославија откако актерот ќе биде обвинет за двојно убиство. Актерот и неговиот брат Бранимир биле нападнати од хулигани, а актерот во самоодбрана убил двајца од нив.

По ова Жарко бил осуден на 15 години затворска казна, што ги служел во Спуж, а потоа и во Пожаревац, но во 1998-ма година Сојузниот суд му ја укинал првобитната пресуда и го обвинил на 4 години затворска казна.

Со оглед на тоа што тој веќе имал поминато 4, 5 години во затвор веднаш бил пуштен на слобода, по што набрзо одлучил да се пресели во Њујорк.

beshe-obvinet-za-dvojno-ubistvo-se-bori-so-teshka-bolest-na-belite-drobovi-fakti-za-akterot-zharko-laushevikj-11.jpg

Освен што стравувал од законската разврска, Жарко Лаушевиќ стравувал и од крвната одмазда што сѐ уште е многу популарна во Црна Гора.

Имено, семејствата на убиените лица сметале дека за загубените животи треба да се плати со нови животи.

beshe-obvinet-za-dvojno-ubistvo-se-bori-so-teshka-bolest-na-belite-drobovi-fakti-za-akterot-zharko-laushevikj-02.jpg

Со втората сопруга Анита, Жарко се запознал уште во време кога работел на снимањето на филмот „Бој на Косово“ во 1989-та година каде таа работела како шминкерка. Жарко во една пригода рече дека таа му го спасила првиот брак така што веднаш се омажила и ja родила ќерката Андреа.

Но, во периодот додека Жарко бил во затвор, Анита се развела, по што ја обновиле врската. Тие двајца се венчале во 1999-та година и заедно заминале во САД.

beshe-obvinet-za-dvojno-ubistvo-se-bori-so-teshka-bolest-na-belite-drobovi-fakti-za-akterot-zharko-laushevikj-12.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
Првата сопруга го остави за 15 години помлад стјуард, втората му го зема станот: Бурниот љубовен жив... Српскиот актер Бранислав Лечиќ, во изминатите години беше во фокусот на јавноста...
Босанец на 85 години се ожени со 38 години помлада жена: „Со години ѝ помагав додека беше во брак со... „Еден ден таа дојде овде и заплака и ми рече дека веќе не може да издржи со сопр...
Српски пејачи кои биле уапсени (и завршиле во притвор) Теа Таировиќ била фатена со непријавени пари, Раста со дрога, а Бора Чорба обива...
Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед...
Кое е ветувањето што Реља Поповиќ ѝ го дал на мајка му Зоја, но никогаш нема да може да го исполни? Луксузни одмори, патувања, скап автомобил, скапа облека... Реља Поповиќ денес зн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg