Ја изгледав серијата „Пад“ со Милан Мариќ – Зошто сум фасцинирана?

Јасно е зошто Милан Мариќ за многумина е „најдоброто од Србија“. Откако маестрално ја одигра улогата на Тома Здравковиќ, сега имаше важна задача да ја одигра улогата на Жарко Лаушевиќ, познат југословенски актер кој во 90-тите години беше обвинет за двојно убиство и помина повеќе од 4 години во затвор, а се зборува и за тоа како заканата од „крвната одмазда“ сѐ уште постои и е прифатена во некои од балканските општества. Какви се впечатоците откако ја изгледав првата сезона на серијата?

ja-izgledav-serijata-pad-so-milan-marikj-zoshto-sum-fascinirana-01.jpg

Откако маестрално ја одигра улогата на Тома Здравковиќ во филмот „Тома“, Милан Мариќ се појавува во уште една биографска улога и во серијата „Pad“ го толкува ликот на еден од најпознатите актери во Југославија на почетокот на 90-тите години, Жарко Лаушевиќ.

ja-izgledav-serijata-pad-so-milan-marikj-zoshto-sum-fascinirana-09.jpg

Серијата е направена според автобиографската книга на актерот Жарко Лаушевиќ, „Godina prođe, dan nikad“, кој во 90-тите години беше уапсен откако со неговиот брат учествувале во тепачка која завршила со смрт на две лица, а еден бил повреден.

Во продолжение ќе се потрудам колку можам подобро да ви пренесам дел од впечатоците, без да ви откријам премногу што се случува во филмот.

ja-izgledav-serijata-pad-so-milan-marikj-zoshto-sum-fascinirana-02.jpg

Иако серијата се држи до животната приказна на Лаушевиќ, сепак не се занимава само со форензиката и фактите на настаните, туку и со ситуацијата што е последица на ужасот од 90-тите.

Серијата зборува за тоа како само еден миг може во целост да ти го промени животот, но и за тоа како тој еден миг е последица на сето она што се случува околу вас – на настаните, несреќите, стравот, неизвесноста која владее.

ja-izgledav-serijata-pad-so-milan-marikj-zoshto-sum-fascinirana-08.jpg

Како луѓето мислат дека ги познаваат актерите само затоа што ги изгледале сите нивни филмови и претстави, како честопати луѓето кои извршиле некое криминално дејствие се обвинети од јавноста и општеството уште пред да бидат изнесени на суд и пред да бидат прогласени за виновни, но и за тоа како заканата од „крвната одмазда“ сѐ уште постои и е прифатена во некои од балканските општества.

Веќе се објавени сите осум епизоди од првата сезона, а буквално ги гледате во еден здив.

Иако станува збор за мрачни настани и дејствија, едноставно не можете да станете додека не ја изгледате серијата во целост.

Секоја епизода носи по нешто ново во развојот на приказната, но и ве тера да почнете подлабоко да размислувате за тоа колку падот на општеството влијае и врз падот на главниот лик.

Во „Pad“ е променето името на главниот протагонист, па така, Милан не ја толкува улогата на Жарко Лаушевиќ, туку на Иван Маслаќ, југословенски актер со црногорско потекло, кој се враќа во Подгорица за да одигра театарска претстава, но тој и брат му, по неочекуван развој на настаните и тепачка која ескалира со убиства, завршуваат во затвор.

ja-izgledav-serijata-pad-so-milan-marikj-zoshto-sum-fascinirana-07.jpg

Милан Мариќ уште еднаш ги покажа своите генијални актерски способности, па станува јасно зошто во моментов важи за еден од најдобрите српски актери.

Особено привлече внимание кај женската публика затоа што во два кадри се појавува целосно гол на сцената, но остави впечаток со тоа што во филмот се гледа дека буквално ја „живее“ улогата, ја пренесува „вистината“ на ликот што го глуми.

Тој неодамна даде изјава за српските медиуми, каде говореше за тоа како го сфаќа тој „пад“ за којшто се зборува во серијата.

„Откако почнавме со подготовките, се отвори главното прашање за тоа што е падот. Што значи тој лично за нас. Тоа може да звучи филозофски, но тоа е прашање за коешто јас размислувам повеќе од една година и сѐ уште го немам точниот одговор.

ja-izgledav-serijata-pad-so-milan-marikj-zoshto-sum-fascinirana-04.jpg

Откако ќе се родите, сите ве подготвуваат за воздигнување, а никој не ти кажува што се случува кога ќе паднеш. Како изгледа тоа? И што потоа? Ти велат: ‘Ајде стани, истреси ја прашината, што си ти’.

Но, како продолжуваме понатаму и кои сме ние по тој пад? И кои сме ние додека паѓаме? Оваа серија бараше целосно да се отвориме и да ги пренесеме искуствата со некои сопствени падови“ – вели Милан.

ja-izgledav-serijata-pad-so-milan-marikj-zoshto-sum-fascinirana-06.jpg

Тој откри дека за време на снимањето двапати имал прилика да разговара со својот колега Жарко Лаушевиќ.

„Се слушнавме двапати, еднаш пред почетокот на снимањето на серијата и еднаш откако серијата беше снимена. Првиот пат како повозрасен колега ми посака среќа.

Го искористивме тоа време да разговараме за актерството како професија, и имав чувство дека ми вели ‘јас ти верувам’.

Се слушнавме и подоцна, кога ја изгледа серијата. Можам само да ви кажам дека сум среќен со она што го слушнав, но тоа нека остане меѓу нас двајца“ – рече Милан.

ja-izgledav-serijata-pad-so-milan-marikj-zoshto-sum-fascinirana-05.jpg

Освен Милан Мариќ, во серијата играат и голем број други познати актери, меѓу кои Борис Исаковиќ, Мима Караџиќ, Љубомир Бандовиќ, Дрaган Маринковиќ, Анѓела Јовановиќ и Милица Јаневски.

За оние што се сеќаваат на настаните од 90-тите години, серијата ќе биде добро потсетување за она што го живеевме и што го преживеавме, а за оние што немале прилика да бидат сведоци на духовниот и моралниот пад по распадот на Југославија, оваа серија е одлична лекција од која може да се научи многу.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Смртни закани, актери даваат отказ: Зошто серијата Harry Potter се соочува со толку многу контроверз... Актерот што го глуми Снејп добива смртни закани бидејќи е црн, додека ликот во к...
10 премиери и нови сезони на серии до крајот на лето 2026 Римејк на морничавиот Cape Fear од 1991-ва, адаптација на популарната Lord of th...
Бев на „Свадба“ во кино, се смеев со солзи и си отидов расположена - Зошто би го гледала филмот пак? За себе сметам дека имам поинаква (да не речам чудна) смисла за хумор, а на рабо...
Зошто новиот филм за Мајкл Џексон е остро критикуван (иако руши рекорди)? Ќерката на Мајкл Џексон изјави дека во филмот има многу лаги и невистини и затоа...
Актери кои освоиле Оскар секојпат кога биле номинирани Кристоф Волц има освоено две статуетки за споредна улога, и тоа во филмови на Кв...
Штркот Силјан вечерва ќе слета на Менхетн – премиера на филмот на Тамара Котевска Вечерва во легендарниот IFC Center во Њујорк ќе се одржи американската премиера ...

Најчитани неделава