Вељко Ражнатовиќ со емотивна порака објави дека чека трето дете: „Богдана, кралице моја!“

Цеца во мај годинава откри дека Вељко сака трето дете и оти се надева дека ќе добие ќерка. Сега, нејзиниот син откри дека очекуваат принова во семејството, но дека повторно ќе добијат син. Боксерот не ја крие радоста што во семејството ќе имаат уште еден член.

veljko-razhnatovikj-so-emotivna-poraka-objavi-deka-cheka-treto-dete-bogdana-kralice-moja-01.jpg

Синот на српската  фолк дива Цеца Ражнатовиќ, Вељко откри дека очекува трето дете, веќе се знае полот, а и името што ќе му го дадат со сопругата Богдана.

Вељко Ражнатовиќ на својот Инстаграм профил објави дека неговата сопруга Богдана, повторно е бремена.

Тој објави фотка од синовите Крстан и Жељко, а на неа напиша:

„Ни пристига уште еден батко“ и објави дел од медицинскиот наод каде се наоѓа полот на бебето – машки.

veljko-razhnatovikj-so-emotivna-poraka-objavi-deka-cheka-treto-dete-bogdana-kralice-moja-03.jpg

„Слава му на Бога! Ти благодарам Боже, за сè што  на мене грешникот ми подари, слава на Отецот Синот и Светиот Дух! Богадана, кралице моја!“ – напиша тој до наодот.

Инаку, Вељко и Богдана веќе подолго време живеат во Тител, каде изградија свој дом.

Тие живеат во непосредна близина на родителите на Богдана, а инаку синот на Цеца и на Аркан во една пригода откри дека знае како ќе се вика и третиот син што тие ќе го добијат.

„Ако имам и трет син ќе се вика Лазар. Моите синови ќе имаат само српски имиња“ – изјави тој.

veljko-razhnatovikj-so-emotivna-poraka-objavi-deka-cheka-treto-dete-bogdana-kralice-moja-02.jpg

Претходно, додека неговата сестра Анастасија беше бремена, пред да го загуби бебето во петтиот месец од бременоста, мајка му Цеца, откри дека Вељко сака уште едно дете и се надева дека овојпат ќе добие ќерка.

Но, очигледно боксерот не е премногу разочаран што во неговото семејство ќе имаат уште еден син.

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години „Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...
Цеца за животот како млада девојка: „Кај маж ми бев принцеза, кај мајка ми морав да готвам и да чист... „На мајка ми ѝ велев, Боже кога ќе се омажам, има слуги да ме служат, само да не...
Синот на Лепа Брена и Боба ужива на јахта со родителите – се бања со татко му, позира во Позитано со... Виктор, синот на Лепа Брена и Боба, објави фотки од семејниот одмор со родителит...
Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...

Најчитани неделава