Познати Србинки кои претрпеле физичко насилство од своите партнери - денес се силни и самостојни

Мина Лазаревиќ

Актерката Мина Лазаревиќ била претепана од нејзиниот сопруг, балетанот Горан Станиќ, во 2015 година. 

Тој физички ја нападнал актерката, а потоа ја исфрлил од станот, но таа не го пријавила во полиција. Дури следниот ден, кога Станиќ пукал со автоматска пушка од балконот на нивниот стан, полицијата дошла на повик на вознемирени соседи и ја затекнала претепаната актерка.

Станиќ склучил договор со Првото основно обвинителство во Белград за признавање на кривичното дело „семејно насилство“ и недозволено поседување огнено оружје.

Судот го прогласи Станиќ за виновен и тој беше осуден на една година затвор.

Гоца Тржан

Пејачката призна дека поранешниот сопруг во минатото ја малтретирал, како и дека ја прислушувал.

„Првиот пат кога го направи тоа не го напуштив, но кога почна да се повторува, си заминав. Ме удри толку силно, што ми го дупна ушното тапанче.

Не сакам да се сеќавам на тоа, но добро е да се знае, бидејќи такви работи се случуваат и не треба да се молчи за нив“, изјави еднаш Гоца.

Милица Дабовиќ

Кошаркарката Милица Дабовиќ во 2017 година била претепана од нејзиното поранешно момче, хрватскиот ракометар Шиме Шиклиќ - Симон. 

Милица целиот случај го пријави во полиција, а Симон заврши на суд.

Ракометарот ја призна вината и доби условна казна од девет месеци, но поради насилство врз жените беше протеран од Србија и доби пет години забрана за влез во земјата.

Ана Марија Жујовиќ

Фитнес шампионката во 2015 година била претепана од нејзиниот тогашен партнер, водителот на Пинк, Влада Станојевиќ. 

Целата приказна имаше епилог на суд. 

Против Станојевиќ беше започнат судски процес, а тој токму во тој момент одлучи да замине во Америка за да го усоврши англискиот јазик. Ана Марија остана во Србија и судскиот процес не доби завршница.

С. Ш. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сопругата на Амиџиќ: „Сакам сè во врска со Огњен, но една работа најмногу“ „Ние со Огњен функциониравме по одреден систем и пред да се роди Перун, па откак...
На 62 години го запозна мажот на својот живот, го загуби по 15 години - Тажната љубовна приказна на ... „Кога во 2009 Славко се вратил во Белград од САД, наши пријатели решиле да нè сп...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Алекса Перовиќ чека трето дете - Се разведе пред 2 години, не го открива идентитетот на новата љубов Скоро две години по разводот, на Божиќ, победникот на „Ѕвездите на Гранд“ откри ...
Се прежени 40 дена по разводот и стана татко - Милош Тимотијевиќ на плажа со синот „Ништо не славев. Породувањето беше мошне напорно“ – изјави Милош Тимотијевиќ не...
Природно убави - Пејачки од Србија кои немаат направено естетски корекции Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо, важи за една од најубавите млади пејачки...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg