Емотивно видео од Хрватска : Другарите го кренаа младоженецот во инвалидска количка за да ја бакне невестата

Хрватската јавност се разнежи од љубовната приказна на Јосo, момче во инвалидска количка, кое на денот на својата свадба стана со помош на другарите за да може да ја прегрне и бакне својата сопруга на најубавиот ден од нивниот живот.

emotivno-video-mladozhenec-vo-invalidska-kolichka-od-zadar-stana-so-pomosh-na-drugarite-za-da-ja-bakne-nevestata-01.jpg

Свадбите знаат да расплачат многумина, но свадбата која се одржа неодамна во Задар, стана хит на социјалните мрежи, а младоженецот и неговите другари се вистинска инспирација за сите.

Младенците, Јосо и Луче од Задар, првиот свадбен танц го имаа на песната на Томислав Ивчиќ „Ти си најлепша“, но бидејќи младоженецот е во инвалидска количка, Луче играше околу него, а седна и во неговиот скут и тој ја вртеше на подиумот со количката.

Но, во еден момент, на помош му дојдоа другарите и го кренаа за да може да ја прегрне својата невеста.

emotivno-video-mladozhenec-vo-invalidska-kolichka-od-zadar-stana-so-pomosh-na-drugarite-za-da-ja-bakne-nevestata-02.jpg

„Сите имаме илјада желби, а Јосе имаше само една - да танцува со својата Луче. И кога мислите дека сè е невозможно, дури и тоа невозможно станува многу возможно!

Желбата го победи стравот, соништата станаа реалност, а она што следеше не остави никого рамнодушен. Наплив од емоции, љубов, среќа, благодарност“, пишува во објавата на Инстаграм.

„Колку трогателно, не се опишува“, „Плачам, секоја чест“, „Овие момци се вистински пријатели, вистински мажи“, „Ова е доказ дека вистинската љубов нема граници“, стои во коментарите.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Саша Ковачевиќ објави официјални фотки од свадбата, парот очекува син: „Покрај тебе сè доби смисла“ „06.06.2026 Покрај тебе сè доби смисла, а овој ден е само круна на нашата љ...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Раста, за убавицата со која е 5 години во љубов, по Ана Николиќ: „Долго време ми требаше за да ја на... „Никогаш не ги генерализирав сите жени, иако имав развод и секогаш оставав прост...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Жељко Бебек има 4 деца од 3 брака - втората ќерка се крие од јавноста, најмалите деца ги крсти по ро... Жељко Бебек, кој неодамна го прослави 80-тиот роденден е горд татко на 4 деца - ...
Бившиот сопруг на Марија Микиќ: „Јас не сум татко за секоја втора среда и викенд – нема пресуда што ... Во емотивна објава, на која се гледа како ги зема децата од градинка, Јован, пор...

Најчитани неделава