Ретка фотографија на Петар Грашо со родителите: Татко му бил славен кошаркар, му помогнал да ја започне кариерата

Благодарение на татко му Зоран, Петар Грашо само на 16 години ја започнал својата музичка кариера и се зближил со Тончи Хуљиќ. Родителите на пејачот ретко се појавуваат во јавност, па затоа една од нивните заеднички фотографии брзо се прошири низ сите хрватски медиуми.

retka-fotografija-na-petar-grasho-so-roditelite-tatko-mu-bil-slaven-kosharkar-mu-pomognal-da-ja-zapochne-karierata-01.jpg

Хрватскиот пејач Петар Грашо јавноста може многу почесто да го види во друштво на семејството на неговата сопруга Хана Хуљиќ, отколку со неговите родители, а малкумина знаат дека тој потекнува од угледно хрватско семејство.

Но, неговите родители одлучиле да живеат повлечен живот, подалеку од очите на јавноста, иако татко му во еден период бил познат спортист.

Петар Грашо деновиве беше на божиќниот базар во Загреб, каде свој штанд има и братот на Хана Хуљиќ, Иван.

Петар беше во друштво на неговата сестра Буга, но и со нивните родители Зоран и Снежана Грашо.

Фотографијата беше објавена од страна на поранешниот хрватски кошаркар Дино Раѓа и масовно се прошири во сите хрватски портали, затоа што родителите на хрватскиот пејач се познати по тоа што се трудат колку што можат повеќе да си ја сочуваат приватноста.

View this post on Instagram

A post shared by Dino Rađa (@dinoradja_official)

Инаку, малкумина се сеќаваат дека таткото на Петар, Зоран, бил успешен кошаркар и со неговиот клуб „Југопластика“ во 1971-ва година стигнал до вицешампионската титула на тогашниот Куп на европски прваци, а една година подоцна ја освоиле истата титула во Купот на победници на куповите.

Во првата половина на 80-тите години, Зоран Грашо бил успешен тренер, кој ги водел кошаркарските клубови „Југопластика“ и „Борово“.

Во 90-тите години почнал да се занимава со угостителство, па отворил свој елитен ресторан во Сплит, но во 2019-та година го продал.

Според дел од хрватските медиуми, токму татко му Зоран имал клучна улога во градењето на кариерата на Петар. Зоран бил близок пријател со Оливер Драгојевиќ, кој му помогнал да се пробие.

Петар на 16 години ja напишал песната „Богиња“, што Оливер ја отпеа, а потоа и го препорачал за клавијатурист во групата „Магазин“, по што започнало неговото долгогодишно пријателство со таткото на неговата сопруга, Тончи Хуљиќ.

Мајка му Снежана, пак, никогаш не сакала премногу да се појавува во јавноста, а целиот живот била посветена на семејството и нa сопругот.

 Б. С. Б. | Црнобело  

Би можело да ве интересира:

Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
„Мислев дека е болен“: Тончи Хуљиќ откри како сфатил дека Петар Грашо му ја завел ќерката „Забележав дека нешто се случува помеѓу него и мојата ќерка во оној миг кога тој...
„Сакам уште внучиња, но треба да почекам“: Тончи Хуљиќ по гласните дека ќерка му Хана повторно е бре... Низ хрватските медиуми брзо се прошири веста дека Петар Грашо повторно ќе стане ...
Босанец на 85 години се ожени со 38 години помлада жена: „Со години ѝ помагав додека беше во брак со... „Еден ден таа дојде овде и заплака и ми рече дека веќе не може да издржи со сопр...
Српски пејачи кои биле уапсени (и завршиле во притвор) Теа Таировиќ била фатена со непријавени пари, Раста со дрога, а Бора Чорба обива...
Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg