Марија Шерифовиќ: „Се обидов, но не можев сама да ги износам бебињата, морав да побарам сурогат мајка“

„Пред да се одлучам за сурогат мајчинство, повеќепати се обидов да износам бременост и не успеав во тоа“ – рече Марија Шерифовиќ. Пејачката морала да помине долг и макотрпен процес за да ѝ се оствари желбата и да го добие синот Марио.

marija-sherifovikj-se-obidov-no-ne-mozhev-sama-da-gi-iznosam-bebinjata-morav-da-pobaram-surogat-majka-01.jpg

Српската пејачка Марија Шерифовиќ (39) стана мајка на малиот Марио, а за српските медиуми откри повеќе детали за тешкиот пат до мајчинството што морала да го изоди. Таа откри и зошто се одлучила за сурогат мајчинство.

marija-sherifovikj-se-obidov-no-ne-mozhev-sama-da-gi-iznosam-bebinjata-morav-da-pobaram-surogat-majka-02.jpg

Марија вели дека е во одлични односи со сурогат мајката на нејзиниот син.

„Тоа е жената што помогна да се исполни мојата најголема желба.

Имавме најблизок можен однос, се слушавме секојдневно, заедно минувавме низ сите предизвици на бременоста, заедно одевме на прегледи“ – откри Марија за српските медиуми.

marija-sherifovikj-se-obidov-no-ne-mozhev-sama-da-gi-iznosam-bebinjata-morav-da-pobaram-surogat-majka-03.jpg

Познато е дека Марија долго време сакаше да стане мајка, а сега откри дека пред да побара сурогат мајка, сама се обидувала да ги износи бебињата, но тоа било невозможно.

„Пред да се одлучам за сурогат мајчинство, повеќепати се обидов да износам бременост и не успеав во тоа за жал.

Навистина не сакам да ги објаснувам медицинските причини за тоа, но сурогат мајчинството ми беше единствен избор“ – изјави пејачката.

Инаку, Марио е роден во клиника во САД, а во неговите документи Марија е запишана како негов единствен родител.

Пејачката рече дека законски не смее да го открие идентитетот на таткото на нејзиниот син.

„И во генетска, и во административна и во секоја смисла јас сум мајката на Марио, секој негов мал атом што доаѓа од мајчината ДНК е мој“ – изјави Марија.

Прочитајте и Сите детали за патот до мајчинство на Марија Шерифовиќ: Детето се родило во САД, името на таткото не смее да го открие

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Марија Микиќ по гласините дека е со бившиот на море: „Не сме заедно, му праќам фотки од децата – тоа... „Како измисливте дека сме заедно на море? Јас на својот поранешен сопруг редовно...
Весна Џогани за болните спомени: „Социјална служба ме зеде од мајка ми, бев во дом за деца без родит... „Не беше нејзина одлука да ме остави. Мајка ми немаше каде да живее. Живееше во ...
Марија Шерифовиќ на одмор со синот – носат исти шорцеви на плажа, јаде домашна компир манџа „Какво море и луксуз без компир манџа“ – напиша Марија на фотографијата од тради...
Марија Микиќ има нов дечко по разводот - адвокат од Белград, ѝ бил редовен гостин на настапите „Луѓе, како што тој го разбира мојот јавен професионален живот, така и јас го ра...
Марија Микиќ, по разводот, на Острог со децата, па бившиот сам ги вози во винтиџ автомобил без клима... Тие се трудат да минат квалитетно време со децата по разводот, а еден од комента...

Најчитани неделава