Тврди дека алкохолот го користи за стерилизација, на бившиот му го изгреба автомобилот – Сите скандали на Ана Николиќ

Се снима како седи по тротоари, па снимките сама ги објавува на Инстаграм. На некои од нив е во видно алкохолизирана состојба, а според српските медиуми, често ги менува личните возачи затоа што е неподнослива кога е под дејство на алкохол – Сите скандали на Ана Николиќ.

tvrdi-deka-alkoholot-go-koristi-za-sterilizacija-na-bivshiot-mu-go-izgreba-avtomobilot-site-skandali-na-ana-nikolikj-01.jpg

Српската пејачка Ана Николиќ во последните неколку години во српските медиуми многу повеќе и почесто е застапена заради скандалозното однесување, отколку за новата музика и успесите на поле кариера.

Според мислењето на многумина, пејачката има проблем со неконтролираното консумирање алкохол, и токму овој порок е виновен за нејзиното однесување во јавност, заради што често е мета на критики.

tvrdi-deka-alkoholot-go-koristi-za-sterilizacija-na-bivshiot-mu-go-izgreba-avtomobilot-site-skandali-na-ana-nikolikj-02.jpg

Се скара со менаџерот, ја обвинија за сексуално малтретирање, сега во последниот период е во војна и со композиторот Горан Ратковиќ Рале со кого наводно имала и физичка пресметка, а пораките со новинарските прашања упатени до неа ги објави на Инстаграм и најави тужби.

Во продолжение да ги проследиме уште неколку скандали на Ана од последните неколку години:

Лежи на тротоар пијана

На социјалните мрежи и денес може да се најдат видеоснимките на кои се гледа како пејачката седи на тротоарот во видно алкохолизирана состојба.

Таа сама ги објави видеата на Инстаграм, но според дел од медиумите, се карала и со случајните минувачи кои ја опоменувале да влезе во автомобилот.

На едно од видеата се гледа како се обидува да ја премине улицата, но видно е алкохолизирана, па се сопна неколкупати.

Инаку, познато е дека Ана има свој возач што ја вози кога планира да пие, а наводно променила неколку возачи затоа што сите се жалат дека пејачката станува неподнослива кога е под дејство на алкохол.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Ана Бекута исвиркана во Чачак - Граѓани ја гаѓаат со топки снег, пее од комбе за да го заврши концер... „Срам да ви е! Имате ли мајка? Имате ли сестра? Имате ли баба? Каде е полицијата...
Ана Бебиќ (39) од „Операција Триумф“ објави ретка семејна фотка - И денес е убавица и без грам шминк... Нашиот Александар Белов беше миленикот на публиката, но не успеа да ја понесе по...
Ѝ го посветил животот, а денес не разговараат: Детали за нарушениот однос на Ана Николиќ и нејзиниот... „Брат ми беше долго покрај мене и му благодарам на тоа, ме поддржуваше, го живее...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...

Најчитани неделава