Зумба часови со српски турбофолк: Видеа од тренинг во Лесковац хит на социјалните мрежи

Зошто оваа инструкторка одлучила на часовите по зумба да пушта српски турбофолк? Погледнете како изгледа зумба час со музика од Теа Таировиќ.

zumba-chasovi-so-srpski-turbo-folk-video-od-trening-vo-leskovac-hit-na-socijalnite-mrezhi-01.jpg

Оние што редовно сакаат да ги следат објавите на социјалните мрежи, сигурно веќе забележале барем дел од видеата што ги објавува една инструкторка по зумба во Лесковац, која наместо светски хитови, на часовите сака да пушта српски турбо фолк.

Голем број возрасни жени го фаќаат зумба ритамот со помош на повеќе српски турбофолк пејачки. Јана Тодоровиќ, Теа Таировиќ, Александра Пријовиќ се само дел од пејачките кои биле застапени во репертоарот, а напред секогаш вежба познатата инструкторка која изгледа одлично.

Зад овие тренинзи стои Лаура Цепеу Чекиќ, која по потекло е од Романија, а живеела во Австрија, каде се запознала со сегашниот сопруг кој е од Лесковац.

zumba-chasovi-so-srpski-turbo-folk-video-od-trening-vo-leskovac-hit-na-socijalnite-mrezhi-02.jpg

Денес Лаура живее во Лесковац, каде дава часови по зумба, а во изјава за српските медиуми открива:

„Со оглед на тоа што и јас ја сакам популарната фолк музика, одлучив да направам зумба кореографија на една песна од Теа Таировиќ. Така започна сѐ.

На тренингот ја пуштив песната, а на жените им беше симпатично затоа што сѐ уште не зборувам српски, а пеам и играм на таа музика“.

Додава дека ваквата музика им помага на жените целосно да се опуштат и да играат од срце, а голем дел од нив, благодарение на напорните тренинзи на Лаура, успеале да ослабат и до 15 килограми.

Погледнете повеќе видеа од тренинзите на Лаура:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Теа Таировиќ: „Само во недела се опуштам, ќе изедам бурек, па 3 дена плачам - Баба ми знае да ми каж... „Обично кога се враќам од настап, ако сум со автомобил, застанувам во пекарница ...
„Секоја чест“ - Српски пејач позираше со бившата и сегашната сопруга и децата од двата брака „Секоја чест“, „Браво, ова не може секој да го направи“, „Колку е убаво да се ви...
Теа Таировиќ во посета на Скопје – Калиопи ја шета низ плоштад, таа признава дека не излегува од дом... „Уште кога првпат те видов на сцена, си реков ова е многу искрена и интелигентна...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја... „Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, ...
Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не... „Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Ог...

Најчитани неделава