Кои се најпознатите турски актери за 2023 и колку пари заработиле?

На врвот според заработката е турскиот Бред Пит, Киванч Татлитуг. Кои беа најпопуларни турски актери во 2023 и колкави се нивните хонорари? Ако очекувате милионски суми, тогаш да знаете дека реалноста е сосема поинаква.

koi-se-najpoznatite-turski-akteri-za-2023-i-kolku-pari-zarabotile-01.jpg

Некои од нив ни се познати од турските серии што се емитуваат на македонските телевизии, а други, пак, од филмовите и сериите на Нетфликс.

Турскиот портал Onedio направи список на најпознатите и најплатените турски актери за 2023-та година.

Некои од нив се млади и се на почетокот на кариерата, други, пак, веќе играле во голем број проекти.

Да погледнеме во продолжение кои познати турски актери се најдоа на листата на најпознати и најплатени:

Мерт Рамазан Демир – 100.000 турски лири (3.073 евра)

Ѕвездата на серијата „Женкар“, Мерт Рамазан Демир се најде на последното место, со заработка од само 100.000 турски лири, или околу 3.073 евра.

koi-se-najpoznatite-turski-akteri-za-2023-i-kolku-pari-zarabotile-02_copy.jpg

Афра Сарачолу – 100.000 турски лири (3.073 евра)

Афра годинава беше присутна во таблоидите, откако му раскина на поранешниот дечко, па беше фатена како се бакнува на одмор со нејзиниот колега од серијата „Женкар“.

Сепак 2023 беше успешна и во поглед на кариерата, па заслужено се најде на листата на најпознатите турски актери.

koi-se-najpoznatite-turski-akteri-za-2023-i-kolku-pari-zarabotile-03.jpg.jpg

Ибрахим Челикол – 250.000 турски лири (7.684 евра)

Актерот го помниме по улогата во серијата „Ифет“, а важи за еден од најпознатите актери во Турција и на Балканот, но има свои фанови и во Јужна Америка, каде турските серии во последните години се вистински хит.

koi-se-najpoznatite-turski-akteri-za-2023-i-kolku-pari-zarabotile-04_copy.jpg

Неслихан Атаѓул - 250.000 турски лири (7.684 евра)

2023 беше успешна и за актерката што ја играше улогата на Нихан во серијата „Карасевда“. Таа се најде на седмото место на листата со еднаква заработка со Ибрахим Челикол.

koi-se-najpoznatite-turski-akteri-za-2023-i-kolku-pari-zarabotile-05_copy.jpg

Бирџе Акалај - 250.000 турски лири (7.690 евра)

Убавата докторка Асли од серијата „Црно бела љубов“ се најде меѓу најпознатите за 2023-та година, со хонорар од 7.690 евра.

koi-se-najpoznatite-turski-akteri-za-2023-i-kolku-pari-zarabotile-06_copy.jpg

На следната страница погледнете кои се шесте најплатени турски актери...



Би можело да ве интересира:

Анѓелка Прпиќ изгледа фит во црвено, откако тајно се омажи со најдобриот пријател на нејзиниот поран... Актерката Анѓелка Прпиќ, која во мај доби дете, а неодамна тајно се омажи за нај...
Го избркаа среде серија затоа што бил „тежок човек“, важи за еден од најзгодните Хрвати  – Како изгл... Имаше гласини дека бил избркан од серијата „Чиста љубав“ заради постојани несогл...
Колега проба да ѝ ја уништи кариерата, ја нарекуваат турската Моника Белучи: Каде е денес Нурѓул Јеш... Скоро 15 години Нурѓул Јешилчај е меѓу омилените и најпопуларни турски актерки. ...
Елка од 1.500 евра – Бака Прасе и Ања Бла се пофалија со луксузните декорации во новиот стан вреден ... „Самата елка чинеше околу 900 евра и 500 евра потрошивме за украсите“ – вели дев...
Најубавиот пар во Србија добива закани по животот на децата – Милош Биковиќ застана во одбрана „Многу сум бесен и вознемирен. Би било многу несериозно ако во ситуација кога им...
Колку ќе ве чинат патарините до различни дестинации во Грција по поскапувањето? Според новиот ценовник, првата патарина по граничниот премин Евзони е поголема з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg