Мајка ѝ на Северина само еднаш се огласи за Милан Поповиќ: „Користи КГБ методи кон ќерка ми – ме боли кога ја гледам!“

„Од каде му е правото 10 години непристојно да го валка името на мојата ќерка, мајката на своето дете? Размислува ли тој некогаш за мојот внук, за неговиот син?“ – прашува мајката на Северина, Ана Вучковиќ, во своето отворено писмо што пред една година го упати до медиумите.

majka-i-na-severina-samo-ednash-se-oglasi-za-milan-popovikj-koristi-kgb-metodi-kon-kjerka-mi-me-boli-koga-ja-gledam-01.jpg

Северина неодамна ја загуби правната битка што ја водеше за старателството над синот Александар (12), откако Врховниот суд во Хрватска одлучи целосното старателството да му го предаде на нејзиниот некогашен партнер Милан Поповиќ.

Познато е дека мајката Ана е најголема поддршка за пејачката, и се држи настрана од јавноста.

majka-i-na-severina-samo-ednash-se-oglasi-za-milan-popovikj-koristi-kgb-metodi-kon-kjerka-mi-me-boli-koga-ja-gledam-02.jpg

Но, по неколкуте јавни изјави во кои Милан Поповиќ јавно зборуваше и ја оцрнуваше мајката на неговото прво дете, Ана Вучковиќ не можеше да премолчи, па упати отворено писмо до сите медиуми.

Хрватските медиуми деновиве повторно го пренесуваат писмото на Ана, во кое таа јавно кажа што мисли за нејзиниот несуден зет.

„Ги прочитавте изјавите на Милан Поповиќ и сите знаете кој е тој само затоа што беше со мојата ќерка, претходно никој не ни слушнал за него.

Тој објаснува што се случувало во мојата куќа. Нека му е срам. Од каде му е тоа право? Ниту бил тука, ниту некогаш ќе ми го премине прагот.

Понатаму, од каде му е правото 10 години непристојно да го валка името на мојата ќерка, мајката на своето дете? Размислува ли тој некогаш за мојот внук, за неговиот син?“ – прашува Ана.

majka-i-na-severina-samo-ednash-se-oglasi-za-milan-popovikj-koristi-kgb-metodi-kon-kjerka-mi-me-boli-koga-ja-gledam-03.jpg

Таа вели дека Милан со години јавно ја малтретира Северина и јавно плука по неа, мајката на неговиот син.

„Ме боли и мене кога гледам како живее ќерка ми. Следење, малтретирање, тужби, поткупување луѓе, тој ги употребува најлошите КГБ методи кон мојата Северина и луѓето во нејзиното опкружување“ – обвини Ана.

majka-i-na-severina-samo-ednash-se-oglasi-za-milan-popovikj-koristi-kgb-metodi-kon-kjerka-mi-me-boli-koga-ja-gledam-08.jpg

Таа се осврна и на тврдењата што беа изнесени во неколку медиуми, и што ги повтори и Милан Поповиќ, дека пејачката физички ја нападнала својата сестра.

„Го повторив она што го реков и во полиција, а тоа е дека Северина не ја повреди сестра ѝ, туку сестра ѝ беше таа што физички се пресметуваше.

Да, реков и дека на сестра ѝ не ѝ е првпат да ја пријавува Северина и својата сопствена ќерка.

Северина се грижи за мене и ме боли сето тоа што сестра ѝ ѝ го прави и што измислува и лажно ја пријавува.

Северина ја презеде грижата за мене и за мојата внука која бегајќи од мајка ѝ во Загреб, дојде да живее кај тетка ѝ“ – пишува Ана.

majka-i-na-severina-samo-ednash-se-oglasi-za-milan-popovikj-koristi-kgb-metodi-kon-kjerka-mi-me-boli-koga-ja-gledam-06.jpg

Инаку, Ана Вучковиќ ретко можеме да ја видиме во медиумите, но речиси секогаш е тука да ѝ даде поддршка на Северина во тешките мигови.

Прочитајте и Сестрата на Северина со нови обвиненија за пејачката: „Таа користи опојни супстанции, подготвена е да направи сè за пари, па и порно-филм“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...

Најчитани неделава