Ведрана Рудан саркастично за Северина: „Навлекла бабата панталони и се дрзнала да се однесува како машко – затоа ѝ го зедоа синот“

„Северина не разбира дека ние што ги добивме децата кога ги оде*авме сопрузите не бевме Северини. Ние сме обични баби, жени кои имаат права на децата, па многу често тие права што ги добиваме ги преминуваат сите граници“ – вели во својата колумна Ведрана Рудан. Дури и пејачката сподели исечоци од текстот на нејзиниот Инстаграм профил.

vedrana-rudan-sarkastichno-za-severina-navlekla-babata-pantaloni-i-se-drznala-da-se-odnesuva-kako-mashko-zatoa-i-go-zedoa-sinot-01.jpg

Хрватската писателка Ведрана Рудан на својот блог објави текст посветен на Северина и нејзината борба за старателство над синот Александар, што го наслови „Северина не е наша девојка“...

Очигледно, и на пејачката премногу ѝ се допаднале дрските зборови на писателката, па објави подвлечени исечоци од него на својот Инстаграм профил.

vedrana-rudan-sarkastichno-za-severina-navlekla-babata-pantaloni-i-se-drznala-da-se-odnesuva-kako-mashko-zatoa-i-go-zedoa-sinot-02.jpg

Писателката која е позната по тоа што без влакна на јазикот отворено зборува за сѐ она што нѐ измачува во ова модерно општество, уште еднаш застана во одбрана на својата сонародничка и порача:

„Северина повторно остана без детето, хрватските институции само си ја работат работата, но тоа веќе не е вест. Беше очекувано.

Која е, во хрватски рамки, Северина?

Таа е женско кое, откако се качи на сцената, се однесува како машко.

Сака слава, сака пари, сакаше и доби дете надвор од брак. Зошто жените не нарачуваат сперма по пошта?“ – иронично прашува Ведрана.

vedrana-rudan-sarkastichno-za-severina-navlekla-babata-pantaloni-i-se-drznala-da-se-odnesuva-kako-mashko-zatoa-i-go-zedoa-sinot-03.jpg

Таа дополнува дека пејачката ги провоцира институциите на системот, не ги почитува учителките, тетките во градинките, ниту пак оние жени во центрите за некоја работа, а за велечасните судијки не се ни зборува.

Што вели друго писателката за познатата пејачка?

„Дрската баба навлекла панталони и само тера напред без престан.

Ех, кога таа би терала само напред зад заклучени врати, додека на мажот му подготвува ручек, а во мислите се подготвува за попладневно пеглање и можно е*ење доцна навечер, кога ќе ја среди куќата и тој ќе го изгаси телевизорот...

Но, не! Таа сака да биде јавна женска и така да ги наведе по природа невините Хрватки да се тргнат од децата, црквата и кујната. Опа!

vedrana-rudan-sarkastichno-za-severina-navlekla-babata-pantaloni-i-se-drznala-da-se-odnesuva-kako-mashko-zatoa-i-go-zedoa-sinot-05.jpg

Севе никако да научи во каква земја живее.

Зборува прегласно, мисли, го сака синот со себе, а и онака познато е дека 99% од Хрватките го добиваат детето по разводот.

Северина не разбира дека ние што ги добивме децата кога ги оде*авме сопрузите не бевме Северини. Ние сме обични баби, жени кои имаат права на децата, па многу често тие права што ги добиваме ги преминуваат сите граници“ – пишува Ведрана.

vedrana-rudan-sarkastichno-za-severina-navlekla-babata-pantaloni-i-se-drznala-da-se-odnesuva-kako-mashko-zatoa-i-go-zedoa-sinot-04.jpg

Таа нагласува, дека жените по разводот имаат право на грижа за хранењето, облекувањето и образованието на децата, да плаќаат тренинзи, инструкции и обезбедување покрив над главата, а некои среќнички успеваат да добијат дури 150 евра алиментација месечно.

„Но, нејзиниот противник не е некој олош, некој криминалец, монструм, или недај Боже психопат. Напротив, тој е нежен татко и голем добротвор. Тешко е да наброите колку детски игралишта изградил, училишта. Болници, фонтани, на колку стари жени им помогнал да преминат улица.

Смееме ли на таков човек сега да му го одземеме синот на, недај Боже, два викенда месечно? Нема шанси, нашата Мајка Тереза во панталони треба да го добие детето да го мази и пази 365 дена годишно“ – вели иронично Ведрана.

„Северина може да се е*е. Кај ти е фонтаната Севе? Ја нема. Па зошто тогаш би ти го дале детето? Само затоа што е твое и само затоа што го сакаш и само затоа што тоа тебе те сака? Вештерке една, ти не си наша девојка!“ – заклучува за крај писателката.

vedrana-rudan-sarkastichno-za-severina-navlekla-babata-pantaloni-i-se-drznala-da-se-odnesuva-kako-mashko-zatoa-i-go-zedoa-sinot-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Брена витка сарми, Неда Украден крши погача со внуките - Како се славеше Св. Архангел Михаи... Новак Ѓоковиќ не беше дома за славата, Неда Украден ја покажа богатата трпеза, а...
Мајка ѝ на Северина само еднаш се огласи за Милан Поповиќ: „Користи КГБ методи кон ќерка ми – ме бол... „Од каде му е правото 10 години непристојно да го валка името на мојата ќерка, м...
„Била 5 месеци во кома откако ме родила“ – Северина сподели видео од фотосесија со мајка ѝ „Пет месеци била во кома откако се породила со мене, но вели дека вредело“ – нап...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
Милан Поповиќ, бившиот на Северина, чека петто дете - за 28 години помладата сопруга има само пофалн... „Таа е од добро семејство, згодна е, образована, млада, остроумна, снаодлива и с...
„Вештаците треба да утврдат дали користи дроги“ - Зошто Милан Поповиќ ѝ го одзеде синот на Северина? „Северина не го остави само еднаш детето без надзор, па да ѝ се прогледа низ прс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg