Се колнеше дека ја сака неизмерно: Кој беше свршеникот на Северина кој ѝ раскина заради видео снимката?

„Ја сакам бесконечно. Нашата љубов е бескрајна. Не постојат работи што можат да не разделат“ – со овие зборови поранешниот свршеник на Северина, Среќко Варгек, излезе во јавноста и ја поддржа пејачката. Но, очигледно нивната љубов не го издржа притисокот од јавноста...

se-kolneshe-deka-ja-saka-neizmerno-koj-beshe-svrshenikot-na-severina-koj-raskina-zaradi-video-snimkata-01.jpg

Во 2004-тата година топ тема во балканската јавност беше домашното видео на пејачката Северина кое протече во јавноста.

Таа во повеќе наврати изјави дека не го објавила сама видеото, иако многумина ја обвинуваа, па во една пригода дури и рече:

„Да сакав тоа да го објавам, барем ќе се нашминкав!“

se-kolneshe-deka-ja-saka-neizmerno-koj-beshe-svrshenikot-koj-i-raskina-na-severina-zaradi-video-snimkata-06.jpg

Факт е дека ова видео многу влијаеше врз нејзиниот приватен живот, а малкумина знаат дека таа во тој период беше свршена со хрватскиот бизнисмен Среќко Варгек со кого редовно се појавуваше на настани и во јавноста.

se-kolneshe-deka-ja-saka-neizmerno-koj-beshe-svrshenikot-koj-i-raskina-na-severina-zaradi-video-snimkata-05.jpgфото: Фејсбук

Откако видеото беше објавено во јавноста, Среќко прво застана на нејзина страна, па дури и се обиде јавно да ја одбрани со изјавата:

„Ја сакам бескрајно. Нашата љубов е бесконечна. Не постојат работи што можат да нè разделат, затоа што нашата љубов стана посилна за 600 пати.

Таа е најпрекрасната жена на светот, таа е мојата хероина. Целосно стојам до неа, а сите тие приказни за филмот и за она што се случи во нашите животи пред да бидеме заедно воопшто не ме интересира“.

se-kolneshe-deka-ja-saka-neizmerno-koj-beshe-svrshenikot-koj-i-raskina-na-severina-zaradi-video-snimkata-04.jpgфото: Фејсбук

Тој тврдеше дека притисокот во јавноста и во медиумите не може да влијае врз нивната љубов и целосно застана во нејзина одбрана:

„Тој што ја објави таа снимка во јавноста, ја објави злонамерно, за да ја повреди и да ја дискредитира Северина, се обиде да ја уништи, но нема шанси да успее.

Вечно ќе бидам со неа и нема да му дозволиме никому да нѐ раздели“ – тврдеше Среќко.

Но, иако јавно тврдеше дека воопшто не го интересира минатото на неговата тогашна девојка, тој не го издржа притисокот во јавноста и на крај одлучи да ја раскине свршувачката.

Тој денес е во среќен брак со сопругата Зденка, а и има свој моден бренд.

se-kolneshe-deka-ja-saka-neizmerno-koj-beshe-svrshenikot-koj-i-raskina-na-severina-zaradi-video-snimkata-08.jpg

Инаку, за потсетување, на домашното видео Северина беше снимена со бизнисменот Милан Лучиќ со кого беше во врска пред Варгек.

Се верува дека Северина и Лучиќ почнале да се забавуваат уште во периодот додека тој бил во брак со друга жена.

Прочитајте и Милан Поповиќ со нови детали за Северина: „Не ми пречеше порно снимката, доцна сфатив дека таа има проблеми со менталното здравје“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ на Северина само еднаш се огласи за Милан Поповиќ: „Користи КГБ методи кон ќерка ми – ме бол... „Од каде му е правото 10 години непристојно да го валка името на мојата ќерка, м...
„Била 5 месеци во кома откако ме родила“ – Северина сподели видео од фотосесија со мајка ѝ „Пет месеци била во кома откако се породила со мене, но вели дека вредело“ – нап...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Милан Поповиќ, бившиот на Северина, чека петто дете - за 28 години помладата сопруга има само пофалн... „Таа е од добро семејство, згодна е, образована, млада, остроумна, снаодлива и с...
„Вештаците треба да утврдат дали користи дроги“ - Зошто Милан Поповиќ ѝ го одзеде синот на Северина? „Северина не го остави само еднаш детето без надзор, па да ѝ се прогледа низ прс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg