Актерката од турската серија „Балканска приказна“ непрепознатлива на фотките пред естетските корекции

За многумина таа важеше за симбол за природна убавина, сѐ додека не беа објавени нејзините фотки кога имала само 18 години. Како изгледала актерката што ја толкува главната улога во серијата „Балканска приказна“ пред естетските корекции?

akterkata-od-turskata-serija-balkanska-prikazna-neprepoznatliva-na-fotkite-pred-estetskite-korekcii-01.jpg

Македонската публика деновиве има можност конечно да ја проследи турската серија „Балканска приказна“ која за нашата публика е особено интересна затоа што се снимаше во Скопје.

Актерката која ја толкува главната улога, Мерих Озтурк, важи за еден од најубавите турски модели и актерки и долго време се пишуваше за нејзината природна убавина.

akterkata-od-turskata-serija-balkanska-prikazna-neprepoznatliva-na-fotkite-pred-estetskite-korekcii-02_copy.jpg

Таа е родена во 1999-та година и има 23 години во моментов, а со глума почнала да се занимава уште на возраст од 6 години и се појавила во голем број реклами и рекламни спотови.

Во 2018-та, на возраст од 18 години таа го освоила третото место во изборот за најдобар турски модел.

akterkata-od-turskata-serija-balkanska-prikazna-neprepoznatliva-na-fotkite-pred-estetskite-korekcii-03.jpg

Претходно, уште на возраст од 16 години таа се обидела да ја добие титулата, но иако двапати била избрана во потесниот круг, наградата ја добила неколку години подоцна, односно откако станала полнолетна.

По популарноста што ја стекна со серијата „Балканска приказна“, интересот за неа во турските медиуми порасна, па беа објавени и некои досега заборавени фотографии од модните натпревари на кои учествувала и од рекламите во коишто глумела.

akterkata-od-turskata-serija-balkanska-prikazna-neprepoznatliva-na-fotkite-pred-estetskite-korekcii-04.jpg

Иако многумина ѝ се восхитуваа на природниот изглед во серијата, од фото споредбите објавени во медиумите веднаш стана јасно дека Мерих сепак направила одредени корекции на лицето, особено во пределот на носот.

akterkata-od-turskata-serija-balkanska-prikazna-neprepoznatliva-na-fotkite-pred-estetskite-korekcii-05.jpg

Денес Мерих се појавува во голем број турски серии, каде има разни улоги, а улогата на Јованка ѝ донесе најголема популарност.

На нејзиниот Инстаграм профил таа има над 48.000 следбеници, а редовно објавува фотографии од својот приватен живот, но и од проектите на кои работи.

Прочитајте и Една од најубавите Турчинки ја глуми Македонката заљубена во „забранет“ дечко – кои се актерите од турската серија што се снима во Скопје?

Во галеријата погледнете повеќе фотки од Мерих:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Турски милијардер, бивши дечко на Емина Јаховиќ, е опседнат со Јелена Карлеуша - ѝ нуди приватен џет... „Садетин буквално не ја остава на мир Карлеуша. Секој ден ѝ праќа цвеќе и скапоц...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...

Најчитани неделава