Како преморениот контролор ја предизвикал најстрашната авионска несреќа во Југославија?

Во исто време, пилотот на „Adria Impex“ разговарал со контролор од средната граница и побарал дозвола да се искачи на поголема висина.

Во тоа време, авионот летал на висина од 26.000 стапки (околу 8 километри)

Со оглед на тоа што на висина од 28.000 и 31.000 стапки имало други авиони, контролорот му дозволил на пилотот да се искачи на височина од 35.000 стапки (10-тина километри).

Одеднаш, кога сфатил дека постои можност за судир со британскиот авион, контролорот му рекол на пилотот на „Adria Impex“ да престане да се искачува и во паника почнал да зборува на српско-хрватски, наместо на англиски јазик и пилотот на британскиот авион воопшто немал поим што се случува.

Кога пилотот на „Adria Impex“ го порамнил авионот, тој бил на височина од 33.000 стапки и на пат за директен судир со британскиот авион.

chovechki-tela-pagjale-od-neboto-koja-bila-prichinata-za-najstrashnata-avionska-nesrekja-vo-jugoslavija-08.jpg.jpg

За несреќата бил обвинет само еден контролор

По преслушувањето на црните кутии и снимките, главни осомничени за несреќата биле осумте контролори на летот и ним им се заканувале затворски казни од 3 до 12 години.

Судскиот процес започнал на 11-ти април 1977-ма година, а траел вкупно 3 недели. Седумте контролори биле ослободени од обвинение, додека осмиот контролор Градимир Тасиќ бил прогласен за единствен виновник.

Тоа е всушност контролорот кој му дал дозвола на авионот на „Adria Impex“ да се искачи на поголема височина.

chovechki-tela-pagjale-od-neboto-koja-bila-prichinata-za-najstrashnata-avionska-nesrekja-vo-jugoslavija-06.jpg

Тој добил првична затворска казна од 7 години, но по големиот број жалби, на крај во затвор поминал само 2 години и 3 месеци.

Осум години по несреќата биле поништени претходните пресуди и било закажано ново судење, во кое контролорот Градимир Тасиќ бил ослободен од обвиненијата, затоа што неговите колеги докажале дека тој работел под екстремно тешки услови, работејќи три последователни дена во смени од по 12 часа, на аеродромот кој во тоа време бил еден од најпрометните во Европа.

По излегувањето од затвор, контролорот ја тужел државата, а Србија како наследник на СФРЈ цели 36 години по несреќата го исплати обесштетувањето на семејствата на настраданите, кое изнесуваше 30 милиони евра.

chovechki-tela-pagjale-od-neboto-koja-bila-prichinata-za-najstrashnata-avionska-nesrekja-vo-jugoslavija-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Србинка пронајде љубов на 80 години: „Во брак сме 2 години, се запознавме на Фејсбук, помлад е 13 го... Дека љубовта не познава возраст, докажува Оливера (83) која во деветтата децениј...
Милица Дабовиќ, која призна дека е спремна на сè за пари, ќе се мажи за кумот на Дарко Лазиќ: „Среќн... „Зафатена сум, сакана сум и верена сум“ – одговори Милица дрско на обожавател, о...
Трагедија во Хрватска: Турски пилот загина во авионска несреќа, 2 месеца откако преживеал друга Во вчерашната авионска несреќа во Хрватска животот го загуби пилот кој пред само...
Братот на Дарко Лазиќ загина во несреќа на мотор - Пејачот се онесвестил кога дознал Помалиот брат на пејачот возел кон Шабац кога се случила несреќата, а објавени с...

Најчитани неделава